11 симптоми на нервен слом што не смеете да ги игнорирате
Секој од нас ќе почувствува стрес во некој период од животот. Всушност, малку стрес ни е и од корист бидејќи нè мотивира и го подобрува нашиот перформанс. Но, ако стресот почнува да ве преплавува и да ја намалува вашата способност нормално да функционирате, тогаш станува збор за емоционален, или нервен слом.
Нервниот слом може да настане поради стрес или анксиозност чија причина можат да бидат разни аспекти – работно место, врски или финансии. Ова се симптомите кои укажуваат на нервен слом и кои не смеете да ги игнорирате.
1. Постојани главоболки
Ако страдате од необјасниви главоболки кои не поминуваат, можеби станува збор за нервен слом. Стресот и анксиозноста се предизвикани од напнатоста што се собира во телото и обично се манифестираат физички како главоболки, грчење на мускулите и плитко дишење. Вилицата, вратот, рамената и главата се под најголемо влијание. Кога сте под стрес, обидете се да правите едноставни вежби за овие делови од телото, дишете длабоко и ќе се чувствувате подобро.
2. Неправилно чукање на срцето
Нервниот слом може физички да се манифестира во разни форми, но неправилното чукање на срцето е најчестиот симптом. Причината е што нашето дишење и ум се поврзани. Кога сме под стрес, дишењето станува нерамномерно и води до неправилно чукање на срцето. Анксиозноста и паничните напади често предизвикуваат многу мисли и неправилно чукање на срцето. Искуството може да биде навистина застрашувачко бидејќи наликува на инфаркт.
Повеќето луѓе советуваат длабоко дишење за смирување, но подобро е да направите неколку едноставни вежби како истегнување или одење на прошетка.
3. Неправилен распоред на спиење
Депресијата и анксиозноста можат многу да влијаат на вашиот распоред на спиење. Можете или да страдате од несоница, или да спиете премногу. Во двата случаи, сонот не е квалитетен и се будите чувствувајќи се изморено.
За да го подобрите распоредот на спиење, обидете се да вметнете некаква умерена физичка активност во рутината, како јога. Пред да спиете обидете се да медитирате или да дишете длабоко. Исто така создајте мирна околина за спиење.
4. Променливо расположение
Нервниот слом често може да предизвика екстремни промени на расположението и необјасниви чувства на гнев, раздразливост, плачење и други емоционални одговори кои немаат врска со ситуацијата. Обидете се да ги набљудувате промените во вашето расположение. Ако не можете да сами да ги контролирате, побарајте помош од блиските или од професионалец.
5. Неможност за фокусирање
Нервниот слом прави да се чувствувате преплавено. Придружен е со чувства на страв, параноја и безнадежност. Вашиот ум постојано мисли на она што се случило во минатото, наметнувајќи вина и страв за иднината. Можеби ви е тешко да живеете во сегашноста. Поради ова не можете да ги извршувате рутинските задачи и тешко ви е да се фокусирате на една активност. Обидете се да вежбате јога, да медитирате и дишете длабоко за да го вратите умот во сегашноста.
6. Анксиозност или панични напади
Нервниот слом може да предизвика панични напади кои се придружени со болка во градите, брзо чукање на срцето, екстремно потење, плитко дишење и страв или чувство на оддалечување од реалноста. Може да се манифестира и како кошмари или параноја.
7. Промени во исхраната и дебелеење или слабеење
Нервниот слом може да влијае и на вашите навики на исхрана. Можеби ќе почнете да јадете премалку, или ќе почнете да се прејадувате. Многу луѓе почнуваат со емоционално јадење кога се чувствуваат лошо, и качуваат многу килограми. Спротивно, некои луѓе губат апетит поради стресот и анксиозноста и ослабуваат многу. Важно е да имате дисциплинирана и урамнотежена исхрана.
8. Проблеми со стомакот
Стресот и анксиозноста имаат директно влијание на вашиот стомак и неговото здравје. Нашиот дигестивен систем е поврзан со менталното здравје, па стресот, анксиозноста и стравот можат да предизвикаат проблеми како дијареја, констипација или болки во стомакот.
9. Изолација и социјално повлекување
Нервниот слом и депресијата можат да натераат личност да изгуби интерес во активности што претходно ѝ причинувале задоволство. Може да престане да разговара со пријателите и семејството и да прескокнува социјални настани и собири.
10. Лоша лична хигиена
Нервниот слом може да ѝ попречи на личноста да прави наједноставни работи како туширање и миење заби. Може да почне да ја запоставува личната хигиена и воопшто да не обрнува внимание на изгледот. Ова е алармантен симптом за нервен слом.
11. Чувства на беспомошност и безнадежност
Нервниот слом често е придружуван и од симптоми на депресија како беспомошност, безнадежност, тага, губење интерес и мисли за самоубиство или самоповредување.
Ризични фактори што придонесуваат за нервен слом
Личноста може да биде изложена на нервен слом кога стресот станува премногу за да се издржи. Може да биде предизвикан од разни животни настани:
- Стресни работни услови
- Каков било трауматичен настан, како смрт во семејството
- Финансиска криза како сериозен долг или губење на работното место
- Лоши навики за спиење, јадење и вежбање
- Неодамнешна повреда или дијагноза за болест
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте изложени на премногу стрес.