11 работи што децата потајно сакаат да им ги кажувате секој ден

11 работи што децата потајно сакаат да им ги кажувате секој ден

Токму малите нешта можат да направат голема разлика. Вратете се на вашето детство. Што од тоа што вашите родители го направиле или ви го рекле, најмногу ве охрабрило? Децата се многу чувствителни и постојаното кажување на вистинските зборови има моќ да го обликува начинот на кој тие гледаат на себе и на светот околу нив. Еве кои 11 работи родителите треба да им ги повторуваат секојдневно на своите деца.

11 работи кои децата потајно сакаат да им ги кажувате секој ден

1. „Те сакам“

Сите деца ја сакаат љубовта на своите родители и тие никогаш нема да бидат уморни од слушањето колку нивните мајка и татко ги обожаваат. Една студија покажала дека жените имаат тенденција да го кажуваат ова почесто од мажите. Затоа, ако сте татко, не плашете се да ги покажете своите чувства и кажете им на вашите деца колку ги сакате!

2. „Го ценам твојот труд“

Едно истражување направено на мали деца посочувало на тоа дека кога ќе ги пофалите децата за нивниот труд, а не за добиените оценки, поголема е веројатноста тие во иднина повеќе да се трудат. На овој начин ќе чувствуваат поголемо задоволство од себе, па и понатаму ќе вложуваат повеќе за да остварат одредени цели.

3. „Мило ми е што поминувам време со тебе“

Многу родители се принудени да вршат повеќе активности истовремено, како на пример одење на работа, вршење домаќински работи и грижење за членовите на семејството. Децата го чувствуваат ова, па го ценат тоа кога нивните родители ќе им дадат до знаење дека уживаат да поминуваат време со нив.

11 работи кои децата потајно сакаат да им ги кажувате секој ден

4. „Прекрасен/а си“

Децата во денешно време се повеќе под притисок од кога било досега. Тие имаат чести тестови во училиштето, а притисокот да добијат подобра работа е присутен уште од помала возраст. Со тоа што ќе им кажете дека се прекрасни, тие ќе можат похрабро да ѝ пристапат на иднината.

5. „Продолжи да се обидуваш“

На децата им е потребна храброст од нивните родители кога тие нема да успеат. Истражувањата покажуваат дека ова е особено корисно и важно за децата кои живеат во полоши средини.

6. „Ти си на вистинскиот пат“

Кога децата не се сосема сигурни дека се на патот да ги остварат своите цели или пак дека се способни да научат нови вештини, тие честопати бараат сигурност во своите родители. Кога едноставно ќе му кажете на детето „Ти си на вистинскиот пат“ можете да го мотивирате во моментите кога тој би сакал да се откаже.

11 работи кои децата потајно сакаат да им ги кажувате секој ден

7. „Ти си многу добар/а“

Едни неодамнешни истражувања покажале дека поголема е веројатноста децата да имаат повисоки оценки и академски способности кога чувствуваат дека некој се грижи за нив. Затоа, секогаш кога имате можност кажете им на вашите деца дека тие се добри.

8. „Ти си посебен/а“

Секое дете е посебно во очите на своите родители, но колку често ги потсетувате дека тие се незаменливи? Без разлика на која возраст и да е една личност, секому му е убаво да чуе дека е прифатен онаков каков што е, без оглед на возраста.

9. „Ајде да се забавуваме“

Дури и кога малку ќе пораснат, на децата одвреме-навреме им е потребна забава. И покрај тоа што е важно да играат со другите на нивна возраст, забавувањето со своите деца е одличен начин за да изградите прекрасни спомени во нивното детство, како и да ја зајакнете врската помеѓу вас.

11 работи кои децата потајно сакаат да им ги кажувате секој ден

10. „Ти верувам“

Децата сакаат да чувствуваат дека може да ги преземат одговорностите на возрасните. Истражувањата покажале дека она што родителите го очекуваат од децата, најчесто е она што тие им го дале, па на некој начин им го враќаат истото. Затоа, почнете да ги третирате како возрасни за да им покажете како изгледа тоа.

11. „Можеш да го направиш тоа, сигурен/на сум“

Иако светот може да биде сурово место за живеење, родителската поддршка може да направи голема разлика. Децата секојдневно се соочуваат со многу предизвици, без разлика дали тоа е врзување на врвките на своите чевли или пак посета на ново училиште. Поттикот од родителите е важен за да му внесете самодоверба на вашето дете и тоа не само на краток период, туку и во иднина.

Родителството е напорна работа, но доволни се само неколку минути на ден за да го потсетите вашето дете дека е одлична личност, а тоа ќе ви се исплати во иднина. Како возрасни, тие ќе ви се заблагодаруваат затоа што сте им верувале и сте ги поддржувале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар