11 работи кои треба да ги знаете доколку имате врска на далечина

11 работи кои треба да ги знаете доколку имате врска на далечина

Љубовните врски се доволно тешки сами по себе, па уште и ако тој живее во друга земја далеку од вас, разбирливо е да се чувствувате крајно беспомошно. Колку и да ви е цврста врската и да си верувате еден на друг, нормално е во тешки периоди да се јават сомнежи околу тоа дали можеби ве изневерил, дали му недостасувате и дали уште ве сака исто колку и првиот ден. Најтешко е тоа што не можете да го видите и гушнете кога ќе посакате и често се чувствувате осамени и имате потреба од внимание. Се плашите дека изреката „Далеку од очи, далеку од срце“ е вистинита и стравот од тоа дека неговите чувства ќе избледат поради тоа што не се гледате е секојдневно присутен. Меѓутоа, секогаш кога вашата врска ќе се најде во тежок период и ќе сакате да кренете раце од сè, запаметете ги следниве неколку работи…

11 работи кои треба да ги знаете доколку имате врска на далечина

1. Му недостасувате повеќе отколку што признава

Можеби тој не се лигави и не ги искажува емоциите толку отворено, но тоа не значи дека не мисли на вас. Оваа ситуација е тешка и за него исто како и за вас.

2. Не мора да биде сè совршено кога ќе дојде да ве посети

Тој само сака да ве види и тоа е доволно. Немојте да се оптоварувате со тоа да испланирате еден куп работи, туристички прошетки и излегувања. Тоа е сè убаво, но тој е тука пред сè да помине време со вас.

3. Нормално е дека ќе наидете на некои разочарувања во врската

Од милион причини работите може да не излезат онака како што сте очекувале. Тој можеби нема да може да дојде за вашиот роденден или вашата годишнина ќе треба да биде прославена преку повик на Скајп, но немојте да губите надеж. Имајте го на ум следново…

11 работи кои треба да ги знаете доколку имате врска на далечина

4. Убавите моменти ќе надоместат за сите пропуштени работи

Сите месеци што не сте ги поминале заедно ќе ги преживеете во неколку денови или недели. Секогаш кога ќе се видите, ќе си поминувате незаборавно. Секое сеќавање што ќе го создадете, ќе биде вредно за паметење.

5. Не значи дека тој се гледа со некоја друга само затоа што сте далеку

Многу лесно може да се исплашите дека тој води двоен живот. Но, повеќе од веројатно е дека ништо не се случува и дека сè е во најдобар ред. Довербата е многу важна за која било врска, а ова уште повеќе важи ако се работи за врска на далечина.

6. Имајте на ум дека авионските билети се скапи

Ако очекувате дека ќе се гледате секој месец, имајте предвид дека тој план лесно може да се сруши на милион парчиња. Освен ако не работите во авионската индустрија (или самите поседувате авион), оваа инвестиција може многу брзо да ги потроши сите ваши заштедувања. Планирајте ги летовите однапред, ако не сакате да останете без скршен денар.

7. Секси пораките се секогаш добредојдени

Ако некогаш си помислите: „Дали е сега добар момент да му пратам секси порака?“, одговорот е секогаш „да“. Секогаш, без исклучок. Нормално е дека сексуалниот живот не ви е баш најсјаен, но можете да ја разгорите страста со една едноставна и разиграна секси порака, која ќе му ја заскокотка фантазијата и ќе направи да не може да мисли на ништо друго освен на вас.

8. Тој е подготвен да прави некои романтични работи за вас, но си има свои граници

Можеби секоја вечер заспивате заедно на Вајбер или гледате заедно филм преку Скајп, но голема е веројатноста дека тој нема да ве носи со себе на телефон кога ќе излезе со колегите од работа за да можете да ги запознаете сите негови пријатели. Тој би сакал тоа во живо да го направите.

9. Ништо не е премногу кога станува збор за врска на далечина

Кога сте далеку еден од друг толку долго време, нема шанси да му досадите или да претерате со пораки. Не размислувајте дали да му пратите по некоја порака во текот на денот. Тој ги цени тие мали работи кои му го разубавуваат денот.

11 работи кои треба да ги знаете доколку имате врска на далечина

10. Најлошото нешто што можете да го направите е да го игнорирате

Внимавајте на ова! Дури и во обична љубовна врска ова е нешто што никако не смеете да го правите, а не пак кога се работи за врска на далечина. Оваа стратегија секогаш постигнува обратен ефект, затоа што тој нема поим што се случува. Ниту еден од вас не смее ни да помисли на ова.

11. Проблемите на другите парови ќе ви се чинат глупави и смешни

Буквално ќе сакате да ѝ „залепите“ една на другарка ви која се жали дека не се видела со момчето неколку дена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар