11 начини на флертување и нивната успешност на скала од 1 до 10

11 начини на флертување и нивната успешност на скала од 1 до 10

Кој е вашиот метод на флертување и колку е тој ефикасен? Кои се добрите страни, а кои лошите во вашето однесување кон личноста за која сте заинтересирани? Погледнете ги следниве 11 видови флертувања и нивната успешност на скала од 1 до 10…

11 начини на флертување и нивната успешност на скала од 1 до 10

1. Набљудување од другата страна на просторијата

Спротивно на она што ни го покажуваат сите филмови со вампири и романтични комедии, продолжениот контакт со очи може да биде ризичен. Набљудувањето е исто како фрлање ножеви во флертувањето – доколку успее, вие имате способност, но доколку не… Ве очекува многу непријатна ситуација.

Рејтинг: 2 (5 доколку изгледате добро)/10

2. Лајкување на новиот Фејсбук или Инстаграм пост

Ова е малку сложено бидејќи нотификацијата од вас може да се измеша со оние од сите останати кои не се романтично заинтересирани за оваа личност и кои само го лајкнале постот бидејќи едноставно им се допаѓа. Но, тоа не значи дека не треба да го направите тоа. По некое време, доколку сте упорни, тие на вас ќе гледаат како личноста која често ги „лајкува“, па тоа сигурно може да ви донесе некој поен повеќе.

Рејтинг: 6/10

3. Лајкување на Фејсубук/Инстаграм постови кои се постари од 3 месеци

Ова е нешто што би можело на еден просечен човек да предизвика да му сопре срцето на момент, бидејќи најчесто се случува по грешка. Прстите ќе ви притиснат нешто погрешно и одеднаш работата ќе се претвори во катастрофа и вие ќе бидете доживеани како личност која демне. Па не, ова не е метод на флертување во кој би сакале да инвестирате.

Рејтинг: -37/10

4. Смеење на сè што тој/таа ќе каже

Шеги? Смеј се. Општи изјави за било која позитивна тема? Смеј се. Луѓето сакаат да чувствуваат дека се забавни, па токму затоа не се воздржувајте со вашите насмевки.

Рејтинг: Ха-ха 7/10

5. Купување пијалак како начин на запознавање

Трошите пари на претерано скап алкохолен пијалак со цел да привлечете внимание? Тоа можеби би можело да ви помогне да започнете со разговор, но потоа треба да најдете и соодветна тема со цел да ја одржите оваа интеракција. Или едноставно ставете ја оваа личност на ваша сметка која нема да ја затворите сè додека не научите да не се потпирате на парите за искажување романтичен интерес.

Рејтинг: 2000 денари за вотка и Ред Бул/10

6. „Фејв“ на твит

Фејв на твит е можеби најлошиот начин на кој можете да флертувате. Особено со оглед на тоа што веднаш до фејвот имате можност за ретвит. Од сите социјални мрежи, кога станува збор за флертување најмалку треба да се потпирате на твитовите.

Рејтинг: 0/10

7. Љубезен разговор

Некои велат дека љубезноста е вашиот билет до пријателската зона, додека пак, другите сметаат дека е најдобриот начин да привлечете нечие внимание. Без разлика на ситуацијата, многу е подобро да бидете љубезни отколку непријатни, се согласувате?

Рејтинг: Зависи од тоа колку тие сметаат дека сте привлечни на скала од 1-10/10

8. Сарказам во разговорот

Сите оние саркастични нешта не само што се неверојатно популарни кај спротивниот пол, туку и скоро секогаш успеваат. Луѓето кои се чувствуваат удобно еден покрај друг најчесто немаат проблем разиграно да се исмејуваат бидејќи тие на тој начин можеби и најдобро комуницираат.

Рејтинг: 10/10

9. Скокоткање

Не. Исто така сите удари со лакт кои сте ги добиле во лице од луѓето кои не сакаат скокоткање ви се целосно заслужени.

Рејтинг: Сериозно, престанете!/10

10. Им зборувате на нивните пријатели колку тие ви се привлечни и се надевате дека пораката ќе им биде пренесена

Љубов преку сродници. Дали ќе ве сметаат за кукавица? Можеби. Но, тоа не мора да значи дека вашиот комплимент нема воопшто да им се допадне.

Рејтинг: 4/10

11. Бидете оние кои навистина сте, но и покажете интерес во соодветни ситуации

Побарајте го нивниот број, поканете ги на состанок… Клучот е да бидете оние кои навистина сте и луѓето веднаш ќе ја почувствуваат вашата самодоверба, правејќи ве многу попривлечни во нивните очи.

Рејтинг: 10/10


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар