11 начини како истовремено да бидете и среќни и продуктивни

11 начини како истовремено да бидете и среќни и продуктивни

Светот во којшто живееме понекогаш може да биде збунувачки, а кога сме збунети, не сме продуктивни. Недостатокот на продуктивностa веројатно ќе ве води кон недостаток на среќа. Колку пати до сега сте се чувствувале лошо поради тоа што не сте можеле да ги завршите планираните работи? Речиси секоја ноќ кога легнувате, размислувате за нив и си велите: „Утре е нов ден, ќе станам порано и навремено ќе ги завршам сите мои должности.“ Но, кога доаѓа новиот ден, всушност ништо не се менува. Зошто? Затоа што сигурно и вие, како и многумина, си велите: „Зошто сега, кога можам да го направам тоа подоцна?“ Кога мислите со кои проблеми се соочувате, често пати може да се чувствувате лошо поради ситуацијата во којашто се наоѓате. Како некој може да биде и среќен и продуктивен во исто време? После неколку истражувања, дојдено е до неколку начини коишто истовремено ќе ве направат и продуктивни и среќни.

1. Бидете благодарни

Веќе знаете дека животот е краток, па зошто да живеете со лошо расположение и да се полните со негативна енергија? Без разлика каде сте и што правите, обидете се да бидете среќни во овој момент. Не е тешко да се биде среќен, а со самото тоа што сте благодарни, вие можете да станете посреќна личност. Секој човек на оваа планета има барем едно нешто за коешто може да биде благодарен. Пронајдете го тоа!

2. Комплетирајте го денот пред да започне

Сигурно помислувате како е тоа возможно? Размислете за денот којшто доаѓа и плановите запишете ги на лист хартија. Поставете ги вашите дневни цели и употребете алатка за планирање (на пример, вашиот лаптоп или пак, обична хартија) за да ги запишете вашите задачи. Откако ќе ги запишете една по една, подоцна кога ќе ги завршувате по ред ќе се чувствувате многу подобро. Правилното планиње е тајната за достигнување на врвот на продуктивноста!

3. Радувајте се на малите успеси

Треба да бидете среќни за секоја работа којашто ќе успеете да ја завршите навреме, без разлика дали тоа е само фрлање на ѓубрето или пак, шетање на кучето. Направете си листа со работи коишто треба да ги извршите во текот на денот, а секогаш кога ќе ја завршите следната задача ќе се чувствувате многу подобро, додека истовремено ќе имате и прегледност уште кои задачи ви останале недовршени. Со секоја успешно завршена задача вие повеќе ќе се мотивирате да одите напред.

4. Почнете со извршување на работите сега

Сигурно постои нешто во вашиот живот за што сте сонувале или сте посакале да го направите, но можеби се срамите да го започнете. Ако е така, еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека не постои повеќе време за да ги направите тие работи. Не чекајте работите да се случуваат, почнете уште денес!

5. Наполнете си ги батериите

Ако спиете многу сигурно ќе се соочите со главоболка и ќе имате помалку време да ги завршите своите должности. Исто така, ако спиете малку, ќе се намали вашата концентрација и нема да бидете способни да ги исполните вашите должности. Откријте колку часови за спиење ви се потребни и потрудете се тоа да си го обезбедите. Исто така одвојте време за прошетка за да се ослободите од стресот. Ќе ви биде пријатно да го направите ова, ќе се чувствувате подобро и ќе се ослободите од немирот!

6. Бидете ранобудни

Еден од најдобрите начини да бидете продуктивни е да станувате рано. Започнете го вашиот ден во раните утрински часови и ќе забележите како нивото на вашата продуктивност ќе се покачи. На овој начин никој не може да ве спречи да го направите она што го сакате, а ова време можете да го искористите и за медитација, вежба којашто ќе ви помогне да останете смирени и позитивни во текот на целиот ден.

7. Започнете со работа којашто ја обожавате

Треба да ги поставите вашите цели на линијата помеѓу забавното и работата, така што ќе изберете да правите повеќе работи коишто ги обожавате. Оваа цел ќе резултира со среќа внатре и надвор од вашето работно место, па ќе ве направи попродуктивни.

8. Почнете да го ограничувате вашето време

Ограничувањето на времето е одличен начин да го организирате својот ден. Во минатото, сигурно сте потрошиле премногу време на социјалните мрежи, а притоа сте се соочиле со недостаток на време за да ги завршите вашите обврски. Можете да симнете и апликација којашто ќе ве известува за вашите должности, при што навремено ќе завршите со обврските и ќе имате повеќе време за себе.

9. Избегнете прекинувања

Без сомнение, прекинувањата се едни од најголемите бариери за среќата и продуктивноста. Секогаш кога ќе бидете прекинати во некоја задача, вашето ниво на продуктивност ќе опадне. На пример, кога вие сте целосно фокусирани на важен проект и одеднаш некој влегува на вашето работно место па почнува да ви зборува за нешто што нема врска со вас и вашата работа. Откако потоа ќе се навратите на проектот, вам ќе ви биде потребно повеќе време да продолжите од онаму каде што сте застанале.

10. Оддалечете се од она што ве прекинува

Телефони, социјални мрежи, мејлови и други нешта коишто се појавуваат на вашиот екран додека работите можат лесно да ви го одвлечат вниманието. Всушност, ако ви се појави одредено известување, како што е на пример покана за онлајн игра, сигурно ќе ве примами да направите кратка пауза. Доколку сакате да бидете продуктивни, не дозволувајте да ви се случи ова и исклучете ги сите оние работи коишто може да ви го привлечат вниманието. Откако ќе завршите со извршувањето на вашите обврски, можете да се наградите себеси со играње на тие игри, а тогаш со сигурност и ќе уживате повеќе!

11. Измерете го вашиот прогрес

Мерењето на вашите резултати одвреме-навреме е добро затоа што на овој начин ќе согледате како се одвиваат работите. Каков е вашиот прогрес? Дали одите во правилната насока? Дали работите се подобруваат или пак се влошуваат? Нема да зажалите ако редовно ги следите своите резултати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар