11 начини како да останете независни во љубовната врска

11 начини како да останете независни во љубовната врска

Доколку сте во љубовна врска, веројатно го сметате партнерот за ваш најдобар пријател кому ги кажувате сите ваши грижи, проблеми, со кого поминувате време заедно и одите на важни настани. Но, иако постојано сте заедно, успехот на една љубовна врска во голема мера зависи од тоа колку партнерите се независни. Тоа е проблемот на многу парови. Толку многу свикнуваат еден на друг што се испреплетуваат во една личност и се губат себеси. За да го одбегнете губењето на вашата независност во врската, прочитајте ги следниве 11 совети кои ќе ви помогнат да останат свои…

11 начини како да останете независни во љубовната врска

1. Научете да ги препознавате сопствените емоции

Кога ќе научите да ги препознавате сопствените емоции, ќе можете да го браните вашиот став и да носите брзи одлуки кога партнерот нема да биде до вас. Ова можете да го направите со помош на медитација, вежби за дишење, јога, џогирање, пливање или која било друга физичка вежба со смирувачки ефект на телото.

2. Правете нешто сами

Забавно е да споделувате искуства со партнерот, но потребно е некои од нив да ги доживеете и сами. Уживајте во она што ви дава енергија. Најдете некое ново хоби или интереси кои потоа ќе можете да му ги пренесете на партнерот. Тоа ќе ја одржи врската здрава и ќе ви овозможи заеднички личен развој.

3. Разберете го и прифатете го мислењето на вашиот партнер

Нормално е дека некои ваши размислувања ќе се разликуваат од оние на партнерот и токму овие разлики се одличен начин да добиете независност. Разберете го и прифатете го неговиот начин на размислување, особено ако се разликува од вашиот.

4. Научете да бидете меѓузависни, а не козависни

Кога постои меѓузависност во врската, тоа значи дека добро функционирате заедно со партнерот, но знаете како да бидете и сами исто така. Кога некој е козависен, смета дека не може да биде сам и се плаши дека ќе изгуби дел од себе ако се распадне врската. Врската нема да биде здрава ако вашите желби и потреби целосно зависат од партнерот.

5. Размислете за вашите суштински вредности

Немојте да ги менувате вашите вредности поради партнерот. Нормално е да ги смените, но само ако вие сакате, а не затоа што некој ве принудува. Дознајте што е она што навистина ви значи и секогаш следете го.

6. Задржете ги вашите интереси

Продолжете да ги правите оние работи кои ве исполнувале кога не сте биле во врска. Дозволено е да имате интереси кои ќе бидат само ваши, иако во ред е одвреме-навреме да ги споделите со партнерот.

11 начини како да останете независни во љубовната врска

7. Научете да се сакате себеси

Најважната врска која секогаш треба да ја негувате и развивате е онаа со вас самите. Во спротивно нема да можете да остварите ниту една успешна љубовна врска. Не заборавајте да се сакате себеси. Треба да се грижите за вас и вашите потреби.

8. Дружете се со вашите пријатели без партнерот

Кога не сте биле во врска, веројатно постојано сте биле со вашите пријатели и семејство. Многу е важно да ги задржите тие односи откако ќе започнете љубовна врска. Вашата среќа не смее да зависи само од една личност. Одвреме-навреме излегувајте одвоено, само со вашите пријатели.

9. Најдете ново хоби

Најдете ново хоби и запознајте нови луѓе. Тоа ќе ви даде нови теми на разговор со вашиот партнер и ќе ги прошири вашите видици.

10. Дознајте што друго ви е важно покрај врската

Нормално е дека вашиот партнер претставува важен сегмент од животот, но не смее да биде единствената работа што ви значи. Размислете што ве исполнува и што ве прави среќни. Тоа ќе ве потсети дека постојат други работи во вашиот живот покрај партнерот. Треба да бидете подеднакво среќни без разлика дали сте со или без партнер.

11. Немојте да имате преголеми очекувања

Секогаш ќе бидете разочарани ако имате нереалистични очекувања. Наместо да ѝ придавате толкаво значење на врската, фокусирајте се на вашите сопствени потреби и желби. Многу луѓе очекуваат дека врската треба да им ги исполни сите нивни потреби. Тоа очекување не е реалистично за долга врска. Во ред да се зближите со некого, но секогаш имајте на ум дека се работи за посебно битие.

Супер е кога врската е стабилна, но вашиот живот не треба да се врти само околу партнерот. Поминувајте време сами, најдете ново хоби и дознајте што ви е важно во животот покрај врската. Време е да ја пронајдете вашата вистинска независност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар