11 идеи за совршен пролетен состанок

11 идеи за совршен пролетен состанок

Пролетта е тука, сè почнува да цвета и има шаренило насекаде. Таа е една од најдобрите сезони за романса, но како да ја искористите? После долгата зимска хибернација, сè што сакате да направите е да излезете надвор и да уживате во свежиот воздух. Погледнете некои од идеите за совршениот пролетен состанок.

1. Вечера на отворено

(1)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mk

Без разлика дали ќе одите во ресторан или ќе готвите дома, вечерата на отворено е многу позабавна доколку ја преместите надвор. Понесете си и некое палто во случај да се појави пролетното ветре.

2. Одете на патување

(2)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mk

Пролетта е одлично време за нови авантури, па зошто да не одите на заедничко патување? Може да биде кратко – во соседниот град, или можете да одите дури и во соседната држава.

3. Направете оган на отворено

(3)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mk

Правење закуски на отворен оган е секогаш забавно. Направете си безбеден камперски оган и кажувајте си страшни приказни, а кога ќе почне да се стемнува, гушкајте се.

4. Направете попладневен пикник

(4)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mk

После сезонската хибернација, попладневниот пикник е одлична идеја која е истовремено забавна и лесна. Спакувајте свежо овошје, соблечете ги чевлите и уживајте надвор.

5. Гледајте ги ѕвездите

(5)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mk

Јасното пролетно небо ви овозможува прекрасен поглед кон ѕвездите. Земете ќебе и некое палто и легнете на автомобилот и обидете се да ги пронајдете Орион и Големата Мечка.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар