10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Многу луѓе трошат многу пари за теретана, направи за вежбање и здрава исхрана, но сосема е во ред ако овој животен стил не е за вас. Можеби одењето во теретана воопшто не ви е потребно ако вашето здравје е доволно добро. Па, погледнете кои работи покажуваат дека сте во одлична форма иако не се фокусирате премногу на здравиот начин на живот.

1. Состојбата на вашите нокти и коса

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

За почеток погледнете ги вашите нокти и коса. Нештата на кои треба да обрнете внимание кај косата се:

  • Разделени врвови
  • „Безживотна“ коса
  • Сув скалп
  • Кршливи влакна

Кај ноктите обрнете внимание на следниве работи:

  • Кршливост
  • Дамки
  • Суви нокти кои лесно се кршат

Секој од горенаведените знаци може да укажува на некој проблем, па немојте да ги игнорирате.

2. Очите кажуваат сè

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Наједноставниот начин да забележите проблеми со бубрезите, црниот дроб или крвните садови е ако ги погледнете вашите очи. Тие би требало да бидат:

  • Светло бели или со боја на лушпа од јајце
  • Ако можете да ги видите крвните садови во очите, тие треба да бидат речиси незабележителни
  • Не треба да има сувост или црвенило

Иако овие знаци немаат никаква врска со вашето здравје, тие можат да ви кажат многу за него. Вашето целокупно здравје зависи од неколку фактори, а комбинацијата од разни проблеми може лесно да го влоши.

3. Индекс на телесна маса

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Овде станува збор за вашата висина и тежина. Според податоците од Националното испитување за здравје и исхрана, 1 од 3 возрасни е со прекумерна тежина. Дебелината може да предизвика голема штета на вашето тело, и тоа не само со крвните садови, срцето и дијабетесот. Една од мерките со кои можете да проверите дали вашата тежина е здрава е со помош на Индексот за телесна маса. За да го проверите, пресметајте квадрат од вашата вистина во метри (1,68 x 1,68 = 2,82), а потоа телесната тежина во килограми поделете ја со добиениот резултат (57 : 2,82 = 20,21). Ако имате нормална тежина ќе добиете резултат помеѓу 18,5 и 24,9. Секој понизок број укажува на многу ниска телесна маса, а секој повисок број укажува на дебелина.

4. Мускулна дефиниција и симетрија

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Тежината може да биде различно распоредена кај секого, па важна е симетријата на вашето тело. Овде не станува збор само за убав изглед, туку симетријата покажува дека сите делови од телото се развиени здраво и во рамнотежа. Ако телото не е симетрично, тоа може да укажува на проблеми со мускулната функција и може да има лошо влијание на коските и ‘рбетот.

5. Одење во тоалет

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Понекогаш проблемите со тежината се резултат на бавен метаболизам или неправилно функционирање на дигестивниот систем. Првото нешто што треба да го проверите за здравјето на дигестивниот систем е „распоредот“ за во тоалет.

  • Изметот не треба да биде течен
  • Потребно е да одите во тоалет неколку пати дневно
  • Бојата на урината треба да биде светло жолта

Ако забележете кој било од проблемите, може да станува збор за сериозно нарушување со бубрезите или цревата, па важно е да обрнете внимание на овие знаци.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар