10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и приватниот живот

10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и приватниот живот

Секој сака да постигне совршен баланс меѓу работата и личниот живот, но ретко кој го постигнува. Најчесто или страда работата или нашите врски со блиските, семејството и нашето слободно време. Ова се 10 знаци кои покажуваат дека вие сте дел од оние кои умешно балансираат меѓу работата и личниот живот.

10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот живот

1. Јасно ви се зацртани приоритетите

Со тоа што приоритетите ви се назначени, многу полесно носите одлуки и полесно се справувате во трката со времето. Со тек на време, приоритетите ви се менуваат или варираат, но вие секогаш знаете соодветно да ги вреднувате работите и си поставувате јасни приоритети.

2. Знаете да речете „не“

Ова е можеби најтешката лекција за да го совладате менаџирањето на сопственото време. Велењето „не“ е најтешка работа за некои луѓе, но не и за вас. Иако не сакате да ги разочарате другите и сакате несебично да се вложите, сепак знаете дека не е изводливо да бидете присутни секаде и секому да му направите услуга. Наместо тоа вие проценувате и знаете кога да кажете „не“.

3. Свесни сте дека овој баланс не може да го поостинете секогаш

Иако се трудите да ги избалансирате нештата, и самите признавате дека нема секогаш да владеете со овој совршен баланс, некогаш ќе потфрлите и некоја страна ќе пострада, но тоа е нормално и човечки. Не може секогаш да бидете совршен родител и вработена личност. Ќе има денови кога едноставно ќе мора на нешто да обрнете повеќе внимание и вие го прифаќате тоа.

10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот живот

4. Знаете дека самото присуство не секогаш е продуктивно

Свесни сте дека вашето седење и присуство некаде не значи дека ќе вроди со плод, токму затоа умешно ги избегнувате непродуктивните ситуации секогаш кога можете.

5. Успешно ја распоредувате вашата енергија

Знаете дека кога ќе завршите на работа не е завршен и целиот ваш ден. Токму затоа постојано изнаоѓате начини кои ќе ви заштедат енергија или ќе ви ја даруваат потребната енергија. Така ви останува енергија за вашето семејство кога ќе се вратите од работа.

6. Институцијата/фирмата за која работите знае дека имате сопствен живот

Не сте заглавени во големи корпорациски гиганти кои бараат од вас безрезервно да се жртвувате. Напротив, многу од вашите колеги имаат партнер и деца и дозволено ви е да имате свој живот настрана од работата.

10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот живот

7. Вежбате макар неколку пати неделно

Колку повеќе трошите енергија, толку повеќе добивате. Вие едноставно не застанувате. Вежбањето ве одржува во форма и токму затоа успевате во овој баланс.

8. Наоѓате време за она што го сакате

Како топла купка, читање книга, прошетки во природа и се разбира, вашето хоби. Едноставно одвреме-навреме целосно ѝ се препуштате на вашата омилена активност исто како надворешниот свет да не постои.

10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот живот

9. Вистински ги користите деновите за одмор

Кога ќе најавите дека одите на одмор тоа значи дека ќе бидете исклучени, недостапни, ќе му се посветите на вашето семејство и максимално ќе се релаксирате.

10. Користите алатки и апликации кои ви помагаат да бидете попродуктивни

Ги има безброј, а вие веќе имате развиено шема која ви одговара вам. Продуктивноста е ваша јака страна и горди сте на тоа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар