10 знаци дека не сте заљубени, туку емоционално зависни

10 знаци дека не сте заљубени, туку емоционално зависни

Емоционалната зависност е нешто со кое многу луѓе се борат. Колку повеќе сте свесни за тоа што е емоционална зависност и како се надминува, полесно ќе ви биде да ја избегнете, а оние кои се заглавени со неа, полесно ќе се ослободат.

10 знаци дека не сте заљубени, туку емоционално зависни

Емоционалната зависност по дефиниција е неподготвеност или емоционално одбивање да се прифати улогата на возрасна личност. Тоа е исто како да бидете дете на оние кои се во вашиот живот, дозволувајќи му на вашиот партнер (или некоја личност во вашиот живот) да биде одговорна за сè што правите, пронаоѓајќи сигурност во тоа. Вашите потреби, па дури и постапки се нешто со што не можете да се справите сами, па целосно се потпирате на некој друг.

Оваа личност ги прави сите големи одлуки наместо вас, ви дава совети и во основа се грижи за вас, што може да биде многу напорно за нив. Многу луѓе својата емоционална зависност ја мешаат со љубов. Треба да знаете дека љубовта не треба да биде зависност од некоја друга личност, односно кога сте заљубените треба да можете да функционирате како човек и без партнерот. Во продолжение прочитајте ги знаците кои укажуваат дека можеби сте емоционално зависни од вашиот партнер.

1. Вашиот партнер го задржувате на неколку начини

Вашиот партнер не може да прави работи кои ги сака бидејќи треба да се грижи за вас. Секогаш го спречувате партнерот да го живее неговиот живот, иако можеби не сте свесни за тоа. Тој можеби одвреме-навреме сака да прави работи без вас, но вие тоа му го правите невозможно.

2. Секогаш го обвинувате партнерот за начинот на кој се чувствувате

Доколку обвинувате некој друг за начинот на кој вие се чувствувате, не сте во право. Вие сами сте одговорни за вашата благосостојба. Вашиот партнер не е секогаш причината да се чувствувате лошо, како што вие мислите. Доколку тој не ве злоупотребува или изневерува, треба да поработите малку на себе.

3. Секогаш сте на работ кога го чекате партнерот

Секогаш кога тој ќе замине некаде, вие го трошите времето во чекање да се врати или постојано го проверувате. Седите покрај телефонот чекајќи го неговиот повик, и доколку минута или две доцни, во вашиот ум се појавуваат најлошите работи. Вие мислите дека само затоа што доцни ве напуштил, но тоа не е така.

4. Премногу барате

Секогаш се потпирате на вашиот партнер за сè. Се чини како да не знаете да постоите без него и тоа е навистина страшно. Вашиот партнер нема постојано да биде во вашиот живот и вие морате да научите како да бидете сами.

5. Не сакате да го поминувате вашето време со никој освен со партнерот

Се имате затворено од остатокот од светот. Никогаш не сакате да бидете во присуство на некој друг, освен на вашиот партнер. Ова е сериозна работа која ќе ви наштети доколку врската не успее. Дружењето со пријателите и семејството е нормално и треба да се случува почесто.

6. Не се чувствувате вредни без одобрување од вашиот партнер

Доколку вашиот партнер не ве подржува во секој чекор што го правите, вие станувате огорчени. Доколку не можете да направите некоја работа заедно, треба да се потрудите да ја сработите сами. Вие сте силна личност и треба да ја покажете својата самоувереност.

7. Се менувате самите за да се вклопите со партнерот

Се преправате дека ги сакате работите кои вашиот партнер ги сака, само за да го направите среќен или да изгледа дека имате повеќе заеднички работи. На пример, вие се состанувате со личност која сака одреден спортски тим, и одеднаш вие навивате за истиот тим. Немојте никогаш да создавате вакви лаги.

8. Постојано барате одобрение од вашиот партнер

Се чувствувате како партнерот да е единствената личност што е важна на овој свет. Секогаш правите работи за да го импресионирате, а не затоа што ви се допаѓаат тие работи. Ова е сериозен проблем кој само ви го троши времето.

9. Буквално се чувствувате празно кога вашиот партнер не е покрај вас, макар и на кратко време

Кога партнерот не е со вас, се чувствувате како да не сте целосни. Се ослонувате на вашиот партнер за стабилност. Понекогаш дури целосно се исклучувате кога тој не е во ваша близина.

10. Премногу сте посесивни со вашиот партнер

Чувствувате дека вашиот партнер ви припаѓа само вам и сте крајно посесивни. Не му верувате нему, ниту пак на луѓето околу него. Сè ви влегува под кожа и самата помисла од губење на партнерот е доволно да ве турне преку работ.

Почитајте ги и овие 12 знаци кои укажуваат на емоционална нестабилност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар