10 знаци дека на вашето тело му е потребно железо

10 знаци дека на вашето тело му е потребно железо

Голем број луѓе патат од недостаток на железо во организмот, a најмногу се погодени оние кои живеат активно и брзо. Ако сакате да знаете дали вашиот организам има доволно количество од овој важен минерал, послушајте ги знаците кои вашето тело ви ги испраќа. Доколку имате некој од следниве 10 симптоми, големи се шансите дека ви недостасува железо…

10 знаци дека на вашето тело му е потребно железо

1. Умор

Телото го користи железото за да го произведе хемоглобинот кој се наоѓа во црвените крвни зрнца и се пренесува преку кислородот. Намалениот кислород во крвта доведува до чувство на константен умор.

2. Лоша концентрација

Доколку забележувате дека вашата концентрација во последно време е многу намалена и имате проблем при фокусирање кон бројните секојдневни обврски, тогаш има големи шанси дека тоа се случува поради недостаток на железо.

3. Апатија

Дали чувствувате апатија кон сè? Вклучувајќи ги и семејството, пријателите, работата, па дури и омиленото хоби? Оваа појава може исто така биде предизвикана од намалено количество железо во крвта. Доколку забележувате вакви драстични промени во вашето расположение, тогаш најдобро е да направите крвна слика.

4. Задишаност

Ако за време на одењето, вежбањето или завршувањето домашни обврски многу брзо и нагло останувате без воздух, тогаш вината можеби треба да ја барате во недостатокот на овој минерал. Станува збор за кислородот кој на вашето тело му е потребен, но не го добива во доволни количини.

5. Бледа кожа

Бледата и провидна кожа може да биде знак на намалување на железото во крвта. Тоа исто така може да биде предизвикано и од слаба циркулација на крвта или од намален број црвени крвни зрнца.

6. Намалена енергија и кондиција

Ако сте личност која редовно вежба, но сепак сте забележале дека стандардните вежби ви стануваат понапорни тогаш можеби имате проблем со железото. Недостатокот на овој минерал ја намалува физичката способност и издржливост на организмот.

7. Болки во мускулите

Доколку по завршувањето на тренингот или по подолгото одење чувствувате силни болки во мускулите, а не сте правеле нешто ново, тогаш вашето тело ви вели дека му е потребно повеќе железо.

8. Кршливи нокти

Доколку ноктите не ви се цврсти како порано и сте забележале дека тие полесно ви се кршат, тогаш постојат големи шанси дека тоа се случува поради недостаток на железо.

9. Настинки и болести

Ако цела зима сте биле настинати или болни, особено ако секогаш патите од болести на дишните патишта, тогаш време е да ја проверите вашата крвна слика.

10. Боја на урината

Доколку сте забележале значајна промена во бојата на урината време е да побарате помош. Од недостатокот на железо таа може стане розова, па дури и црвена.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар