10 знаци дека имате натпросечна емпатија

10 знаци дека имате натпросечна емпатија

Емпатијата е способност да чувствувате емоции на повисоко ниво, и тоа не само вашите, туку и емоциите на другите. Емпатите се луѓе кои не судат и се многу отворени. Тие ја примаат секоја енергија која се движи кон нив. Поради оваа способност, емпатите многу често се повредени. Погледнете ги знаците кои укажуваат на натпросечна емпатија.

10-znaci-deka-imate-natprosechna-empatija-kafepauza.mk

1. Не сакате гужви

Гужвите се состојат од многу луѓе со многу различни енергии, а емпатите ја впиваат целата оваа енергија. Ова ги исцрпува.

2. Одржувате рамнотежа наместо да барате успех

Рамнотежата за вас е многу поважна од успехот. Вие наоѓате надеж во рамнотежата и сакате да ја одржите наместо да станете успешни. Врвот кон кој секој се стреми не е ваша дестинација. Вие не сте овде за да се натпреварувате, туку за да им помагате на другите да се справат со животот.

3. Не сакате градови

Исто како гужвите, така и големите градови за вас се исцрпувачки. Тие се место каде што секој трча по нешто, а не знае по што. Вашето идеално место за дом е во природа.

4. Сакате лични врски

Во овој зафатен и брз свет, многу малку луѓе сакаат да се поврзат како вас. Вие ја знаете важноста на поврзаноста помеѓу луѓето.

5. Самотијата е важна

Вам ви е потребно време да се наполните со енергија. Самотијата е одличен начин за да се одморите. Сакате и друштво, но впивањето на сите емоции на другите ве троши.

6. Мразите „празни муабети“

Сметате дека безначајните разговори се трошење време, вие сакате да одите подлабоко. Разговорите за времето или озборувањето не ве интересираат.

7. Креативни сте

Емпатите сакаат да ги искажуваат чувствата преку уметност. Тие ја сакаат уметноста и ова им е одличен начин да се наполнат со енергија и да се изразат целосно.

8. Природата ве лечи

Секогаш кога сте на прошетка во природа се чувствувате поврзано со неа. Чувствувате дека некоја сила ве лечи. Природата има моќ да ве излечи и да ве врати на земјата. Кога сте во природа се чувствувате како дома и сте навистина среќни.

9. Избегнувате конфликти

Емпатите се чувствителни и конфликтите се вистински кошмар за нив. Вие мразите кога некои блиски се расправаат и одбирањето страна ве убива.

10. Емоционално се преполнувате

Чувствувањето на емоциите на другите си има своја цена. Но кога ги сфаќате чувствата на другите, вашите чувства стануваат посилни.

Погледнете и зошто мозокот на емпатичните луѓе работи поинаку.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар