10 знаци дека детето ви е разгалено
Многу е лесно да препознаете разгалено дете. Но, сепак на секој родител му е тешко да признае дека неговото дете е такво. Затоа, добро размислете дали вашето дете прави нешто од овие десет работи, кои покажуваат дека треба да преземете нешто.
Чести изливи на бес
Еден од најсигурните знаци дека детето ви е разгалено се честите изливи на бес и муртење во јавност, но и во домашна атмосфера.
Никогаш не е задоволно
Разгалените деца не знаат да изразат задоволство од она што го имаат. Доколку видат нешто што не е нивно, го сакаат тоа наместо своето.
Не сака да помага
Ниту едно дете не е воодушевено да помага, но кога ќе потпорасне, мора да почне да помага во помалите домашни работи, како што е собирање на играчките или ставање на чевлите на место.
Се обидува да ги контролира возрасните
Разгалените деца не ја знаат границата во односот со врсниците, а неретко и со возрасните, па очекуваат сите нив да ги слушаат.
Често ве посрамотува на јавни места
Децата знаат да направат инцидент на јавно место и тоа не е нешто чудно. Но, кога детето намерно ги посрамотува родителите во јавност за да привлече внимание, тогаш ситуацијата е излезена од контрола.
Не сака да дели
Делењето е тежок поим, со кое секое мало дете мора да се научи да се носи. Откако ќе наполнат четири години, децата мораат да сакаат да ги делат играчките, ужинките и многу други работи со своите братчиња и сестрички, па дури и со другарчињата.
Морате да го молите
Родителите или негувателката мора да бидат авторитет. Не смеете да ги научите дека за да биде нешто завршено, треба да се молите пола ден.
Ве игнорира
Ниту едно дете не сака да слуша „не“ од своите родители, но во ниту еден момент не треба да допуштите тоа да ве игнорира додека нешто му зборите, затоа што тоа смета дека е во право.
Не сака да си игра
До полнењето на четири години, детето треба да сака и да може самостојно да си игра и тоа подолг период. Доколку, постојано му се потребни родителите или друштво за да си игра, тоа е знак дека има потреба од внимание.
Морате да го подмитувате
Родителите не смеат да ги подмитуваат своите деца со пари или играчки за да добијат нешто од нив.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.