10 животни лекции на кои можат да ве научат луѓето со тетоважи

10 животни лекции на кои можат да ве научат луѓето со тетоважи

Автор: Зорица Тодорова

Не секој може да го разбере сѐ повеќе популарниот културен тренд на тетовирањето. За некои луѓе тоа е сосема одвратно, премногу болно искуство за воопшто да се има предвид или пак едноставно сметаат дека имањето тетоважа значи дека никогаш нема да можете да имате успешна професионална кариера. Но за оние на кои им се допаѓа како тетоважите го менуваат нивното тело, сите овие наводно негативни последици влечат значајни искуства од кои сите можеме по нешто да научиме.

0-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

1. Стандардите кои сами си ги поставувате се најважни

Секако, не секој ќе смета дека вашата нова тетоважа костур изгледа одлично како вас, но зошто треба тоа да ве засега? Сѐ додека вам ви се допаѓа како изгледате и се чувствувате убаво поради тоа, сите оние чудни погледи на улица се неважни.

1-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

2. Првите впечатоци не се секогаш точни

Секој со многу тетоважи ќе ви каже дека оваа животна лекција е точна. Имањето тетоважи или такви пријатели ве учи да не го вреднувате надворешниот изглед толку многу, туку напротив, да поминете повеќе време запознавајќи ги луѓето. Позади тие истетовирани раце можеби се крие добра, интелигентна душа полна со љубов.

2-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

3. Болката е привремена

Ова може да ви го потврди секој зависник од тетоважи. Без разлика колку и да ви е висок прагот на толеранција на болка, една од тетоважите секако ќе ве боли како ништо дотогаш. Но преминувањето преку едно болно искуство на тетовирање само ќе ве направи погорди на конечниот резултат. Понекогаш забораваме дека болните искуства може да доведат до нешто големо и прекрасно.

3-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

4. Стравот од нови искуства е преценет

Првото тетовирање знае да биде страшно за многу луѓе. Досега не сте направиле такво нешто, а претставува обврзување за цел живот. Но повеќето од нив, кои решиле да се тетовираат и покрај стравот потоа се чувствуваат среќни со себеси.

4-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

5. Значењето е субјективно…

Секоја личност ги вметнува своите идеи, искуства и сеќавања во својата тетоважа и она што таа значи за нив. Затоа, пред да му судите некому мислејќи дека знаете какво е значењето на нивната тетоважа, размислете повторно.

5-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

6. …но не сѐ мора да има и однапред поставено значење

Од друга страна, не можеме да заклучиме и дека секоја тетоважа на една личност значи нешто неверојатно посебно за нив. Многу луѓе се тетовираат само затоа што им се допаѓа концептот на нешто, или пак само за да имаат што повеќе тетоважи. Не сѐ што постои мора да има некоја универзална причина за тоа, некои работи едноставно постојат.

6-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

7. Не е сѐ во парите

Една од најголемите критики кои се однесуваат на тетовирањето е тоа колку е скапо. Секој тату-уметник е различен и работи според своите услови, но една солидна тетоважа во боја најверојатно ќе ве чини неколку стотици евра. Па што? Не само што добивате ново уметничко дело на вашето тело, туку и доживотно сеќавање кое ќе може да им го раскажувате на луѓето до крајот на животот. Нели е тоа бесценето?

7-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

8. Ништо не е грешка ако си останете верни на себеси

Грешките не се важни ако верувате дека сте биле верни на себеси. Можеби на работа треба да носите облека која ги прикрива вашите тетоважи. Луѓето избрзуваат со заклучокот дека некоја тетоважа е грешка за која се каете ако ја прикривате од 9 до 5 секој ден. Уште подобро за вас, не само што ја задржувате работата која ја сакате туку ги задржувате и тетоважите.

8-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

9. Забавно е да се биде во центарот на вниманието

Додека зјапањето во нечија тетоважа е доста некултурно, понекогаш е забавно да бидете во центарот на вниманието. Особено кога некој не може да ги тргне очите од тетоважа која ви е особено драга. И покрај тоа што не се тетовирате за да ги експонирате своите тетоважи, интересно е кога привлекуваат внимание.

9-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

10. Единствениот начин да бидете навистина среќни е да бидете она што сте

За крај, последната лекција која може да ја научите од „зависниците од мастило“ е дека да го правите она што ве прави среќни е единствениот начин да живеете исполнет живот. Зошто да бидете личноста која некој друг ја посакува од вас?

10-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар