10 жешки бјути трендови кои мора да ги испробате ова лето
Убавото и сончево време освен што ни го подобрува расположението, ни ја враќа и потребата да заблескаме. Затоа, ова лето 2015-то заборавете на темните сенки за очи и кармини и почнете да ги следите овие жешки трендови.
1. Испробајте ги сите нијанси на светлосината
Најверојатно последен пат сте носеле сина сенка за очи во тинејџерските години. Меѓутоа, овој тренд е сè поактуелен во светот. Пробајте да направите контраст со розов кармин и светлосина сенка на долниот капак за да го добиете тој летен сјај. На јаболчниците нанесете светло розово руменило, а на брадата, челото и носот нанесете бронзер. Ова ќе му даде свежина на вашето лице. Исто така секој лак во нијанса на сина боја совршено ќе се вклопува во овој жежок летен тренд.
2. Испробајте нијанса на праска
Доколку вашиот природен тен е малку потемен, или пак сте потемнеле од сонце, тогаш руменилото во нијанса на праска ќе му го даде потребниот сјај на вашето лице. На очите може да нанесете светла нијанса на кафеава сенка и голема количина на маскара, за вашиот поглед да добие драматичен ефект. На усните нанесете кармин во боја на вашата кожа и со тоа сте подготвени да заблескате во топлата летна ноќ.
3. Почнете повторно да носите светло црвен кармин
Зимските трендови ни наложуваа да носиме исклучиво темни нијанси. Летото е пред врата и трендот се смени. Акцентот е ставен на ведрите нијанси. Затоа одберете го вашиот светло црвен кармин, ставете туш на краевите од очите и голема количина на маскара. Не заборавајте го и светло црвениот лак за нокти за да ја потполните оваа заводничка летна комбинација.
4. Немојте да ги избегнувате виолетовите нијанси
Нанесувањето виолетова сенка за очи е по малку застрашувачко, но тајната лежи во тоа да ја одберете онаа нијанса што супер одговара со вашиот тен. Испробајте ги сенките со втривање на палецот. Главно, светлите нијанси на виолетова им стојат добро на сите. Немојте да се плашите да експериментирате со виолетовата. Таа ќе го направи вашиот поглед мистериозен, а спојте ја со лак во истата боја.
5. Нека розовите нијанси на сјај за усни бидат ваш приоритет!
Сакате да изгледате свежо и одморено? Ова ви го овозможуваат розовите нијанси на сјај за усни. Одберете го оној кој е совршен за вас. Заедно со него доволно е да нанесете само мал слој на маскара.
6. Немојте да го заборавите бронзерот!
Совршената летна шминка не може да помине без бронзер. Без разлика дали сте фан на оние светкавите, во мат нијанси или пак со златен отсјај, верувајте дека нема да погрешите.
7. Со руменилото ќе добиете свеж и природен изглед
Без разлика дали ќе се одлучите за розов или пак во нијанса на праска, руменилото ќе направи вашето лице да изгледа совршено. Може да го нанесете и на капаците за вашиот тен да изгледа изедначено.
8. Пробајте го трендот без кој ниту една модна ревија не може да помине
Пунџите отсекогаш биле супер избор за топлите летни денови – собраната коса секогаш ни помага да ги преживееме жешките денови, но и да изгледаме женствено и елегантно. Трендот за ова лето е цвет во косата. Украсете ја вашата пунџа со шнола во облик на ружа или кој било друг цвет.
9. Доколку сте храбри, бојадисајте ја косата во светло седа боја
Ова е вистински тренд на Инстаграм. Седата коса може да ја забележиме на фотографиите на голем дел од модните блогерки, но не на црвениот тепих. Можеби овој тренд со себе носи скриено значење. Дали убавиот изглед е сè уште важен за нашите години?
10. Носете металик и дреч лакови за нокти
Кога ќе потемнете, совршен акцент на вашиот бронзен тен ќе му дадат лаковите во бронзени и дреч бои. Испробајте!