10 зен правила кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни
Не мора да бидете зен монах за да ги почувствувате придобивките на зен будизмот. Доволно е да ги следите овие едноставни правила кои ќе го направат вашиот живот посреќен и исполнет. Ќе го почувствувате ефектот на овие вежби само доколку тие станат дел од вашата секојдневна рутина.
1. Посветете се само на едно нешто
Ова правило е едноставно, а ќе ви помогне да се фокусирате. Со други зборови, кога правите нешто, фокусирајте се целосно на она што го правите. Една зен поговорка вели: „Додека се движите, движете се. Додека јадете, јадете.“
2. Не брзајте
Обмислувајте ги нештата пред да ги направите и избегнувајте ги случајните и непромислените постапки.
3. Пред да поминете на следната задача завршете ја претходната
Откако ќе ја завршите задачата на која се фокусирате тогаш можете да преминете на следната.
4. Работете помалку
Ова правило не се однесува на мрзеливоста. Се работи за идејата да бидете селективни при изборот на задачи на кои треба да се фокусирате.
5. Оставајте простор меѓу обврските
Ова правило ќе ви помогне да се опуштите и да размислите што е тоа што правите и зошто го правите тоа.
6. Креирајте сопствени ритуали
Преку ритуалите им давате важност на нештата на кои работите. Тоа, од друга страна, значи дека ритуалите служат како потсетник за тоа колку одредени нешта ви се важни во животот.
7. Одвојте време за одредени работи
Ќе ви биде полесно да развиете навика за извршување одредени задачи доколку самите си одредите време од денот кога ќе треба да ги извршувате. Така, направете си список на нешта кои ќе ги правите во одреден момент, како време за јадење, работа или одмор. Тоа ќе ви помогне да бидете попродуктивни.
8. Посветете време на медитација
Во животот на зен монахот, медитацијата е еден од најважните моменти во текот на денот. Можете да ја практикувате медитацијата во кое било време од денот, доволно е да седнете, да се опуштите и да ги набљудувате реакциите на вашето тело како и она што се случува околу вас.
9. Насмевнете се и помагајте им на другите
Зен монасите поминуваат голем дел од својот ден во служба на другите и на овој начин учат за понизност и емпатија. И вие можете да го следите ова правило така што ќе им помагате на другите во вашата заедница преку волонтирање или организирање добротворни манифестации.
10. Готвењето и чистењето на домот како еден вид медитација
Ова е одличен начин за вежбање на фокусот. Така, во одреден дел од денот посветете го вашето целосно внимание додека бавно ги извршувате овие задачи. Тоа ќе ви помогне да бидете присутни во моментот и да се концентрирате на она што го правите.
Откако прочитавте како зен правилата можат да ви помогнат да бидете попродуктивни, можеби ќе сакате да ги прочитате и 12-те зен правила што ќе ви помогнат да се ослободите од напнатоста и да бидете среќни.
Извор: hackspirit.com