10 зеленчуци кои можете да ги одгледувате дома

10 зеленчуци кои можете да ги одгледувате дома

Здравјето е важно, а здравата исхрана е најдобриот начин да ги спречите болестите. Вашите оброци треба да содржат органски овошја и зеленчуци, а лошата страна на ова е тоа што тие многу брзо се расипуваат. Но, можете дел од зеленчуците да ги одгледувате и дома. Погледнете ги следниве 10 зеленчуци кои е навистина лесно да ги засадите и да ги одгледувате.

10-zelenchuvi-koi-mozhete-da-gi-odgleduvate-doma-kafepauza.mk

1. Аспарагус

Ова е пролетен зеленчук. Ако правилно го одгледувате, тој ќе трае 25 години. Садењето од семе ќе трае подолго, па затоа можете да го засадите од самото растение. Само немојте премногу да го наводнувате.

2. Лук

Дали знаете дека едно чешне лук може да ви даде 10? Ставете го никулецот во чаша вода и чувајте го до прозорот. Откако ќе порасне малку, засадете го. Користете голем цреп и квалитетна почва. Ќе ги забележите првите листови за само неколку дена.

3. Моркови

Ставете го врвот на морковот во вода и чувајте го до прозорецот. По некое време засадете го во земја. На морковите им е потребно многу светлина.

4. Кинеска зелка

Ставете го долниот дел во вода и чувајте го на светло место. Почекајте неколку недели, па засадете го во земја.

5. Марула

Ставете го долниот дел во чаша вода полна до половина. Штом ќе забележите нови никулци, засадете го во земја. На ист начин можете да ја засадите и зелката.

6. Млад кромид

Ставете ги корењата на кромидот во вода и чувајте ги на светло место.

7. Целер

Исечете го долниот дел на целерот и ставете го во плиток сад со вода. За околу 3 дена ќе забележите нови листови и тогаш можете да го засадите во земја.

8. Коријандер

Ставете ги дршките во вода и новите ливчиња ќе се појават многу брзо. Потоа засадете ги во земја. Новото растение ќе порасне за неколку месеци.

9. Босилек

Потопете дршки од босилек во вода. Чувајте ги на светло место и кога ќе се појават нови корења засадете во земја. Редовно полевајте со вода.

10. Артичока

Артичоките се берат единствено кога ќе се развие виолетовиот цвет. Потребна ви е мека земја и доволно светлина. Користете и ѓубриво и берете ги во пролет и есен.

Погледнете го и ова видео кое ќе ви помогне во одгледувањето на зеленчукот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар