10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнер

10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнер

Зборуваме за љубов, почит и разбирање до крајот на животот. Ова се најважни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот/ата сопруг/а.

10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнер

Искреност

Вашиот животен сопатник мора да биде отворен и искрен со вас, но и кон самиот себе. Треба да знае кој е, кои му се јаките и слабите страни, какви ограничувања има во животот и кои препреки може да ги помине.

Искреноста е секогаш најдобра опција. Не можете да планирате иднина со човек кој е склон кон криење на вистината поради која било причина.

Да знае да ви биде потпора

Бракот е единство на двајца кои совршено се надополнуваат, ги делат своите обврски и задолженија и знаат да си бидат потпора еден на друг и во тешки и во лесни времиња. Може ли да му верувате на вашиот партнер? Колку често си ги исполнува ветувањата и обврските?

10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнер

Љубезност

Не би поверувале колку е ретка љубезноста како особина и баш затоа е карактеристика која треба да ја барате во вашиот партнер. Тој/таа треба да биде трпелив и љубезен како кон останатите така и кон вас.

Моногамија

Зошто би стапиле во брак со личност која смета дека не треба да остане со еден партнер до крајот на животот? Дали би можеле да го/ја промените некогаш или пак да се носите со нејзините неверства? Оној кој не смета дека бракот е единство на двајца, а не на повеќе личности, со сигурност не знае да го вреднува ни бракот а ни вам.

10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнер

Слични гледишта во животот

Да, вие не го губите идентитетот со влегувањето во брак и правилно е да стоите на своите ставови, но што се случува кога ни една страна не знае да направи компромис? Што ако имате сосем различни гледишта и очекувања во животот? Ако тој сака 5 деца а вие ни едно, тогаш можеби би требало да размислите подобро пред да речете „да“.

Сексуална привлечност

Сексуалната привлечност е важна. Вие ќе бидете заедно до крајот на животот, па треба да бидете задоволни и на сексуален план. Да, постојат секакви периоди во животот, но доколку таа хемија воопшто не постои тогаш речиси се невозможни шансите да се појави во иднина.

10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнер

Смисла за хумор

Животот има подеми и падови и во тешките моменти ќе ви треба личност која ќе знае да се пошегува и да ве насмее. Кога ќе имате тежок ден не ви треба некој кој ќе ве потсети колку животот е комплициран, туку колку е убав и дека вреди да се живее.

Добар однос со деца

Како се однесува со децата на вашите пријатели или роднини? Колку е толерантен/на и колку има трпение? Доколку сакате да имате деца во иднина, со сигурност треба да размислите каков родител би бил вашиот партнер.

10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнер

Семејни вредности

Колку го вреднува семејството? Колку би ве вреднувал вам како негов/а сопруг/а? Го памети ли роденденот на неговата мајка, колку често му се јавува на својот дедо или татко? Ако не го вреднува семејството како во иднина би го вреднувал она што сте го создале заедно?

Почит

Љубовта и почитта се поврзани и не одат една без друга. Ако вашиот партнер не знае да го цени вашето мислење, не знае да ве поддржи и помогне кога ви е тешко, тогаш со сигурност не е „материјал“ за брак. Вие треба да бидете на исто рамниште. Тогаш кога ќе почувствувате дека се поставува супериорен/на и не ве почитува како личност, може да запишете кога и последната искра љубов и почит згаснала.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар