10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Освен што презентираа и добиваа награди, ѕвездите на синоќешното 73-то по ред издание на наградите „Златен глобус“, заблескаа со модни комбинации кои варираа од темна елеганција до жешката и огнена црвена боја која соодветствуваше со познатиот црвен тепих.

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Погледнете кои беа 10-те најдобро облечени дами на вечерта:

1. Тараџи П. Хенсон

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Тараџи го прошета црвениот тепих во целосно бела вечерна тоалета на Стела Мекартни. Актерката го закити својот изглед и со еден златен глобус за најдобра изведба на актерка во ТВ серија/драма за нејзината улога на Куки во серијата „Империја“.

2. Џејми Александар

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Џејми носеше темно зелен фустан во креација на италијанската модна дизајнерка Џени.

3. Џоан Фрогарт

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Џоaн изгледаше гламурозно, покажувајќи го своето длабоко деколте.

„Слатко е и горко истовремено. Убаво е што луѓето сѐ уште се возбудени за тоа“, рече Фрогарт за финалето на серијата „Дантон Аби“.

4. Бри Ларсон

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Бри изгледаше прекрасно во златен, рачно изработен фустан на Келвин Клајн.

„Во ред сум. Сега сум внатре во телевизорот. Се чувствувам заштитено, како да го имам оклопот на Јованка Орлеанка на мене“, вели Бри.

Таа го доби златниот глобус за најдобра изведба на актерка во главна улога во филм/драма, за филмот „Соба“.

5. Џенифер Лоренс

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Џенифер изгледаше одлично во нејзиниот софистициран црвен фустан во креација на Диор, во комбинација со прекрасен сребрен накит. Актерката го доби и Златниот глобус за најдобра изведба на актерка во главна улога во филм/комедија или мјузикл, за филмот „Џој“.

6. Џина Родригез

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Џина Родригез заблеска во вечерна тоалета во креација на Зек Позен.

7. Џудит Лајт

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Џудит изгледаше фантастично во белиот костум кој одлично ѝ прилегаше на нејзиниот стил.

8. Лејди Гага

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Лејди Гага го врати гламурот на „стариот Холивуд“ со рачно изработениот фустан на Версаче. Пејачката го доби и Златниот глобус за најдобра актерка во лимитирана ТВ серија или ТВ филм за нејзиниот перформанс во серијата „Американска хорор приказна“.

9. Рејчел Мекадамс

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Рејчел се одлучи за цветен фустан во креација на Ланвин. Taa го дополни изгледот со смел црвен кармин.

10. Амбер Херд

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Амбер изгледаше прекрасно во скромен, розов фустан. На наградите беше сама, без придружбата на Џони Деп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар