10 совети за поевтино патување низ светот
Сигурно сте ја слушнале изреката дека патувањето е единственото нешто што нè прави побогати. Но, летовите, хотелите и другите трошоци обично се високи, па поради тоа многу од нас ретко патуваат. Погледнете некои совети кои ќе ви помогнат да ги намалите трошоците при патувањата.
1. Користете комбиниран превоз
Ова значи да комбинирате разни авиокомпании и превозни средства за да стигнете до посакуваната дестинација. На пример, летот до Рим, а потоа воз до Венеција можеби ќе чини помалку отколку директен лет до Венеција. Или пак локален лет до Пукет од Бангкок ќе чини помалку отколку директен лет до Пукет.
2. „Скриен“ град
Директниот лет од местото А до местото Б многу пати е поскап отколку лет од местото А до местото В, со застанување на Б. Ова значи дека можете да купите билет за локација на која треба да смените авион, и едноставно да не отидете на вториот авион. Можете да си правите сопствени патувања со алатки како Skiplagged или Flyshortcut.
3. Немојте да изнајмувате автомобили
Автомобилот е во ред доколку сакате да патувате помеѓу градови, но за во градот тој ќе ви биде само товар. За да заштедите време и пари користете го јавниот превоз, или уште подобро, изнајмете велосипед.
4. Пронајдете специјални понуди
Многу агенции за транспорт нудат добри цени за туристите. На пример, двајца можат да го користат целиот јавен превоз во Баварија цел ден за 31 евро. Билетот од Минхен до замокот Нојшвајнштајн чини 30 евра, а е само за една употреба.
5. Патувајте со малку багаж
Патувањето без багаж е одличен начин да заштедите пари, бидејќи повеќето авиокомпании имаат пониски цени за луѓето без багаж. На пример, летот од Билунд во Данска до Берлин ќе ве чини 1 евро без багаж, додека со багаж цената е 15 пати повисока.
6. Сместувајте се во апартмани
Апартманите имаат една голема предност – кујна во која можете да готвите. На овој начин ќе заштедите многу пари наместо да трошите јадејќи во ресторани. Најпознатите сајтови за оваа намена се: Airbnb, HomeAway, 9FLats и Thehomelike.
7. Бесплатна посета на музеи
Многу музеи се бесплатни во одреден дел од денот, или пак во текот на цел еден ден. Колосеумот во Рим го овозможува ова секоја прва недела од месецот, додека музејот Прадо во Мадрид е бесплатен секој ден од 18 до 20 часот.
8. Плаќајте во локалната валута со вашата картичка
Некои земји ви овозможуваат да одберете со која валута ќе плаќате кога ја користите картичката. Секогаш одбирајте ја локалната бидејќи кога ќе ја користете валутата на картичката, парите се конвертираат 2 или 3 пати. Со ова дополнителните трошоци растат дури и до 10%.
9. Не се држете до одредени дати
Многу често се случува летот некој ден пред или после вашиот да биде поевтин. За да ги проверувате ваквите промени, користете календар на ниски цени. Многу вакви сајтови ја нудат оваа опција.
10. Користете ги локалните пребарувачи
Големите пребарувачи како Booking или SkyScanner многу често ги испуштаат локалните летови и хотели кои можеби имаат интересни понуди. Одвојте време да ги најдете локалните пребарувачи за местото кое го посетувате. За државите во Азија хотелите можете да ги барате на Ctrip или Agoda, а во Нов Зеланд и Австралија користете го сајтот Wotif.
Погледнете ги и овие одлични совети кои ќе ви го олеснат патувањето.