10 совети што ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околностите

10 совети што ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околностите

Без оглед на тоа низ каков период минувате моментално, порано или подоцна ќе му дојде крајот. Ниту добрите ниту лошите работи во животот не се постојани. Меѓутоа, она што секогаш можете да го задржите е вашиот мир. Можеби имате премногу работа, треба да враќате долгови, да полагате испити, да ја прекинете лошата врска или пак можеби минувате низ период на љубење, смеење, плачење и веселење. Каков и да е периодот, можете да живеете спокојно и да најдете среќа во животот. Следниве 10 совети ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мир…

10 совети што ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околностите

1. Прифатете ги работите онакви какви што се

Ако минувате низ многу тежок период, сетете се на моментите кога ви било најтешко и размислете како сте успеале да ги пребродите. Доколку се потсетите на тоа дека можете да ја преживеете болката, несигурноста и сомнежот, ќе можете да најдете сила да ја надминете моменталната ситуација.

2. Споделете го вашиот товар

Разговарајте со вашите најблиски за она што ве мачи и на тој начин ќе си го олесните товарот.

3. Живејте во сегашноста

Кога тргнувате на патување кон иднината, почнувате да си создавате проблеми што можеби никогаш нема да се случат.

4. Ослободете се од негативните мисли

Ако почнете да размислувате за тоа колку проблеми имате и колкава болка чувствувате, признајте си го чувството и преземете нешто за да тргнете напред. Тоа можеби нема да ги промени околностите, на некои работи им треба време за да поминат, но ќе ви помогне да го промените начинот на вашето размислување.

5. Вратете си ја вербата

Без разлика да верувате во Бог, карма, моќта на универзумот или во самите себе, искористете ја вашата духовна или религиозна верба за да најдете утеха.

10 совети што ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околностите

6. Одете таму каде што е љубовта

Ако се чувствувате поразени, многу е важно да се поврзете со луѓето кои можат да ви пружат поддршка.

7. Одберете среќа

Абрахам Линколн некогаш кажал: „Сум забележал дека повеќето луѓе на светот се онолку среќни колку што одлучиле да бидат“. Дури и во најлошите можни околности, секогаш постои нешто што може да ви донесе среќа. Не го игнорирајте тоа.

8. Љубете наместо да контролирате

Луѓето честопати се обидуваат да ги контролираат нештата што ги сакаат, од страв да не ги изгубат. Но, тоа е погрешно. Контролата ви дава лажно чувство на моќ и доминација. Пуштете ги работите да излезат надвор од контрола и љубете неизмерно!

9. Самите сте одговорни за вашите чувства и дела

Обрнете внимание дали вашите дела се одраз на резултатите што сакате да ги постигнете.

10. Не заборавајте дека без оглед на тоа низ каков период минувате, сѐ ќе биде во ред

Дури и да не верувате во ова, никогаш не е доцна да почнете. Запишете го на хартија. Повторувајте го секој ден.

Возможно е да го задржите мирот без оглед на околностите. Искористете ги овие совети за да создадете поспокоен начин на размислување. Вратете си го внатрешниот мир и среќата сама ќе ви затропа на врата.

Прочитајте ги и следниве 3 начини да го потиснете адреналинот и да останете смирени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар