10 совети кои ќе ви помогнат да бидете одличен родител на посвоено дете

10 совети кои ќе ви помогнат да бидете одличен родител на посвоено дете

Ако сакате да посвоите дете, сигурно многу сте истражувале и сте соочени со голем број стравови. За да одгледате посвоено дете потребно е да направите некои подготовки, а овие 10 совети ќе ви помогнат во тоа. Исто така да се биде родител на посвоено дете е многу полесно отколку што мислите. И тоа не бидејќи сте прочитале неколку книги или сте научиле сè од агенциите за посвојување. Ќе сфатите дека да се биде родител на посвоено дете е многу полесно ако ги имате следниве нешта на ум.

10 совети кои ќе ви помогнат да бидете одличен родител на посвоено дете

1. Правете сè со намера

Зошто намерно ги врзувате врвките од чевлите? Зошто намерно ги миете забите или носите облека? Ова се прашањата кои треба да си ги поставите кога одгледувате посвоено дете. Кој е исходот на којшто се надевате кога правите што било со него, особено кога станува збор за дисциплинирање?

2. Родител со интегритет

Направете го она што ќе кажете дека ќе го направите, вклучувајќи ги и работите за вас. Ако му речете „Да“ на вашето дете, следете го тоа. Ако си речете „Да“ себеси, следете го тоа. Ова значи ако сте си рекле дека 1 час ќе одвоите за купка, направете го тоа. На овој начин поставувате пример.

3. Бидете конзистентни

Детето мора да ви верува. Ако со стиснати заби му кажувате дека го сакате, тоа добива измешани пораки. Кога му дозволувате нешто еднаш, а следниот пат го казнувате за истото, само ќе го збуните и онака збунетиот ум.

4. Верувајте си

Вербата во себе е клучна. Запомнете дека не можете да дадете нешто што го немате. Ако не верувате во своите одлуки и постапки, како ќе го научите детето да ви верува и вам и себеси?

5. Спознајте ги вашите недостатоци

Сите имаме недостатоци. Престанете да бегате од нив и да ги прекривате и престанете да се обидувате да бидете совршени. Бидете нивен господар.

6. Научете да танцувате со несигурноста

Ако сте перфекционист или сакате да контролирате буквално сè, посвојувањето можеби не е најдобра опција за вас. Подобро е да поработите на желбата за контрола пред да посвоите дете.

7. Простете си за што и да мислите дека сте направиле

Оставете го минатото. Научете од него, не ги повторувајте грешките и оставете го зад вас.

8. Прифатете се

Без разлика што сте направиле или што ви се случило, тоа не било бидејќи нешто не е во ред со вас. Ако сте неплодни, не значи дека ви фали нешто. Тоа е приказна што си ја кажувате самите. Ако не се прифатите, ништо нема да ви биде доволно добро, дури ни вашето дете.

9. Сакајте се

И во овој случај не можете да давате нешто што го немате. Без здрава љубов кон себе, љубовта која ја споделувате со вашето дете е едноставно проекција на вашите најдлабоки чувства. Таа љубов доаѓа со рестрикции и услови. Посвоеното дете не може да се справи со условна љубов.

10. Отстранете ги ограничените верувања

Секој си има по некое вакво верување. Кое ваше верување мислите дека ќе ве спречи да бидете најдобриот родител? Не знаете? Разгледајте го вашиот живот и што не функционира во него. Под тоа има некое верување. Истото важи и за работите што функционираат. И тие кријат некое верување.

Прочитајте ги и овие вистини доколку сакате да посвоите дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар