10 рецепти кои се одлични за во есен - Part 8

10 рецепти кои се одлични за во есен

8. Говедски одрезок на скара со чимичури сос

8-10-recepti-koi-se-odlichni-za-vo-esen-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 700 г говедски одрезок
  • 1 лажица маслиново масло
  • ½ лажиче сол
  • Малку бибер
  • 75 мл чимичури сос
За подготовка на сосот:
  • 120 мл црвено вино или балсамиран оцет
  • 2 главици исечкан кромид
  • 4 чешниња лук
  • ½ лажиче сол
  • 1 чили пиперче, исечкано на коцки
  • 40 г исечкан магданос
  • 80 чаши свеж исечкан коријандер
  • 15 г свежо оригано
  • 180 мл екстра девствено маслиново масло
Начин на подготовка:
  1. Намачкајте го стекот со маслиново масло, сол и бибер и оставете го 30-тина минути на собна температура. За тоа време можете да го подготвите чимичури сосот.
  2. Измешајте ги оцетот, кромидот, лукот, солта и чили пиперчето во мал сад и оставете да постои 10 минути. Во меѓувреме исечкајте ги магдоносот, коријандерот и ориганото. Додадете ги во мешавината со оцетот, потоа додајте го маслото и мешајте додека не се изедначат сите состојки. Оставете настрана.
  3. Испечете го стекот, ако сакате средно печен тогаш потребни ви се 4-5 минути на секоја страна. Потоа исечкајте го тенко и послужете со голема количина од сосот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Гладен Reply

    Од кога тоа сланината е „панчета“?

Остави коментар