10 рецепти кои се одлични за во есен - Part 6

10 рецепти кои се одлични за во есен

6. Тестенини со пекорино и црн пипер (Cacio E Pepe)

6-10-recepti-koi-se-odlichni-za-vo-esen-kafepauza.mk

Потребни состојки за 2 порции:
  • 180 г шпагети
  • 2 лажици несолен путер
  • 1 лажица+ ½ лажиче мелен бибер, или грубо иситнет
  • 200 грама исечкано пекорино сирење
Начин на подготовка:
  1. Во големо тенџере ставете вода да се вари и притоа посолете ја. Кога ќе почне да врие, ставете ги шпагетите. Нека се варат минута-две помалку од инструкциите на пакувањето.
  2. Неколку минути пред да биде готово, во големо тавче на средна температура растопете го путерот и додадете бибер. Потоа додадете ги шпагетите и доварете ги. Додадете една лажица вода од тестенините и обична вода и мешајте.
  3. Во еднакви слоеви, колку што можете побрзо турете го пекориното и мешајте сѐ додека не се формира крем околу тестенините. Ако е премногу суво, додадете вода од тестенините.
  4. Се сервира топло, а ако сакате можете да украсите со пекорино и бибер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Гладен Reply

    Од кога тоа сланината е „панчета“?

Остави коментар