Претходно
10 рецепти кои се одлични за во есен
4. Пита со зеленчук во калап
Потребни состојки за 4 пити:
- 1 сладок компир, излупен и исечкан
- ½ сладок кромид, исечкан
- 5 ливчиња жалфија
- 2 лажици путер
- 2 ½ лажици замрзнат зеленчук
- 2 лажици брашно + 2 лажици ладна вода
- 500 мл супа од зеленчук
- Сол и бибер
- 2 ленти готово замрзнато тесто
Начин на подготовка:
- Околу 40 минути оставете го тестото на работната маса.
- Поросете ја масата со брашно и полека одвиткајте го тестото, а пред тоа осигурете се дека целосно се одмрзнало за да спречите набирање и кршење. Користете калапче и исечете 8 кругови од тестото, така што ќе добиете четири крукчиња на еден лист. Претходно загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени.
- Во големо тенџере додадете го исечканиот компир, кромидот, жалфијата и путерот. Гответе на средна температура додека компирот не омекне.
- Додадете го замрзнатиот зеленчук и супата од зеленчук.
- Во мал сад измешајте ги брашното и две лажици вода. Во тестото додадете неколку лажици од супената течност и промешајте. Ваквата смеса додадете ја во тенџерето.
- Оставете да врие на средна температура и повремено мешајте, додека супата не се згусне исто како сос од печено месо. Зачинете со сол и бибер.
- Наполнете 4 калапчиња со смесата и оставете околу 3 см од врвот. А потоа на секој отвор ставете по две крукчиња од тестото. Калапчето поставете го на хартија за готвење и печете околу 15 минути или додека нараснатото тесто не стане крцкаво и добие златна боја. Оставете да се олади 5-10 минути, но сепак сервирајте го топло.
- Ваквите пити, откако ќе се оладат, неколку дена можат да стојат покриени во фрижидер. За да ги стоплите, најдобро е да ги пикнете во микробранова печка на 1-2 минути.
Од кога тоа сланината е „панчета“?