10 рецепти кои се одлични за во есен - Part 2

10 рецепти кои се одлични за во есен

2. Салата од рукола, јаболка, ореви и рокфорт сирење

2-10-recepti-koi-se-odlichni-za-vo-esen-kafepauza.mk

Време на подготовка: 10 минути
Калории по порција: околу 260
Потребни состојки за 4 порции:
  • Рукола
  • 1 зелено јаболко
  • 60 г излупени ореви
  • 120 г рокфорт сирење
  • 2 лажици маслиново масло
  • Оцет по вкус
Начин на подготовка:
  1. Измијте ја руколата и добро исчистете ја.
  2. Отстранете го средишниот дел од јаболкото и поделете го на 4 дела, а потоа исечкајте го на тенки парченца.
  3. Оревите исечкајте ги покрупно, во форма на кубети, потоа исечкајте го сирењето и сѐ заедно измешајте додавајќи маслиново масло и оцет. Нема потреба од посолување.

Забелешка: Како замена за рокфорт сирење може да се користи пикантното сирење горгонзола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Гладен Reply

    Од кога тоа сланината е „панчета“?

Остави коментар