10 работи што мора да ги знаете пред да се вљубите во безнадежен романтичар
Дали некогаш сте се вљубиле во безнадежен романтичар? Во оние прекрасни и чувствителни идеалисти кои веруваат дека љубовта е најголемата сила? Доколку одговоривте потврдно, веројатно знаете дека е вистински предизвик да се биде во љубовна врска со нив. Сигурно сте забележале дека не е воопшто лесно да им се угоди и да им се исполнат сите барања. Понекогаш знае да биде дури и напорно, но дефинитивно вреди! Ова се 10-те работи што мора да ги знаете пред да тргнете на љубовна авантура со безнадежен романтичар…
1. Обожаваат мали гестови
Станува збор за какви било ситници. Слатки пораки, изненадна прегратка, рачно напишана порака, цвеќиња и други слични мали работи. Направете нешто посебно за нив, непланирано, и нема да зажалите. Не мора да го правите тоа постојано, но сигурно сакате да ја гледате таа неодолива насмевка на вашата сакана личност што е можно почесто.
2. Бидете внимателни со изненадувањата
Не е важно дали изненадувањето било добро затоа што било екстравагантно, затоа што сте вложиле многу труд или интересно сте го обмислиле. Тие имаат навистина бујна фантазија и ако им кажете дека им подготвувате изненадување, којзнае што ќе си замислат. Поради тоа, бидете подготвени! Токму од истата причина, не очајувајте доколку го погодат изненадувањето однапред, само бидете среќни поради нив.
3. Знаат да се занесат
Кога нешто планираат, немојте да се чудите што даваат сѐ од себе. Очекувајте рачно изработени подароци, љубовни писма, специјално подготвени вечери и еден куп други потсетници на тоа колку сте неверојатни и сакани.
4. Ќе ве опсипуваат со романтика како да не постои никој друг на светот
Тие даваат сѐ од себе, сѐ додека тоа им е возвратено. Тие уживаат во тоа да приредуваат романтични изненадувања исто толку колку што обожаваат некој ним да им приредува романтични вечери. Понекогаш врската со нив изгледа како да се работи за љубовен роман. Уживајте во неа!
5. Тие сакаат креативни љубовни состаноци исто колку што ги сакаат и класичните
Тие немаат ништо против класичното кафе, пијачка, вечера и кино, но понекогаш сакаат да прават нешто невообичаено како што е пејнтбол или стрелаштво. Најважно е да се забавувате заедно, така што немојте да се двоумите да пробувате нови работи.
6. Доколку не ги изненадувате со романтични гестови одвреме-навреме, знаат да станат потиштени
За да се одржува романсата во врската, мора да биде двонасочна. Ако еден од партнерите вложува повеќе од другиот, може да се појави чувство на запоставеност. А верувајте, не сакате да се соочите со незадоволство на безнадежен романтичар!
7. Имаат многу фантазии што сакаат да ги доживеат
Не се изненадувајте ако ви предложат нешто необично како на пример да танцувате на поројниот дожд или во ресторан да нарачате една чинија шпагети за да можете да ја делите. Некои од нивните идеи можеби ќе ви се чинат невозможни, но ним ќе им биде доволно само ако се обидете да ги претворите во реалност.
8. Тие знаат дека романтиката е најдобриот дел од секој филм
Постојано ќе се смешкаат на љубовните сцени во романтичните комедии и во кои било други филмови, па дури и хорор. Тие ја бараат романсата насекаде. Токму тоа се случува кога ќе му дозволите на срцето да ве води.
9. Ако почувствуваат дека романсата во врската згаснала, знаат да станат многу креативни
Безнадежните романтичари знаат како да ја пренесат филмската магија во нивниот вистински живот. Подготвени се да направат чуда само за да не ја изгубат романтиката во врската.
10. Добро грижете се за нивното срце, тие се многу чувствителни
Безнадежните романтичари љубат со ширум отворено срце. Бидете внимателни со него. Дури и да ве сакаат најмногу на светот, ќе ве остават ако мораат. А сигурно не сакате да го испуштите тој прекрасен, будалест романтичар кој ќе ви го направи животот поубав и посебен.