10 работи кои слабите мажи не треба да ги носат
Спротивно на мислењето, некои од овие парчиња облека наместо да прават да изгледате покрупно, тие уште повеќе ја истакнуваат вашата слаба градба. Токму затоа не треба никогаш повеќе да ги носите, или едноставно зачувајте ги за деновите кога ќе имате некој килограм плус.
1. Преголема гардероба
Мажите мислат дека можат да го прикријат своето слабо тело под големи парчиња облека и се надеваат дека така ќе создадат илузија на мускулесто тело. Ова не е ни приближно решение на вашиот „проблем“, затоа што во преголемите парчиња облека само ќе изгледате неуредно.
2. Тесни маици
Претходно кажавме дека не треба да носите широка гардероба, но истото важи и за претесните парчиња облека, бидејќи така дополнително ја нагласувате вашата тенка фигура.
3. Впечатливи дезени
Главното правило во модата е дезените на вашата облека да бидат во баланс со вашата фигура. Затоа слабите мажи треба да избегнуваат крупни дезени. Карираните, пругастите и дезените во вид на рибина коска ќе изгледаат одлично на вас, но секогаш држете се до помалку впечатливите варијанти.
4. Еднобојна гардероба
Ако од глава до пети сте облечени во иста боја, уште повеќе нагласувате дека сте слаби, а тоа е најмногу забележливо доколку сте облечени во црно.
5. Неуредна фризура
Долгата, неуредна фризура која ви паѓа преку лицето, го издолжува вашето лице и ја крие аголната структура на коските. Искористете го вашиoт облик на лицето и направете класична, кратка фризура која ќе ги открие коските на вилицата и брадата.
6. Тесни фармерки
Во голема заблуда сте ако мислите дека тесните фармерки се предвидени за слабите мажи. За жал, овој модел открива колку навистина сте слаби, па најдобро е да се држите до нормално дизајнираните фармерки.
7. Широки боксерки
Можеби мислите дека долната облека не може многу да влијае на вашата фигура, бидејќи се наоѓа под пантолоните, но верувајте дека широките боксерки прават да изгледате преслабо.
8. Маици со длабок „V“ израз
Овие маици ја откриваат клучната коска, а тоа не е баш добро. Заменете ги со маици со обичен отвор.
9. Кратки јакни
Слабите мажи вообичаено имаат долги раце, па носењето кратки, спортски јакни само ја нагласува тенката фигура.
10. Одело со три копчиња
Ситните, слаби мажи имаат претесни гради и струк за да носат одело со три копчиња. Наместо тоа, одберете одело со две или со едно копче.