10 работи кои секоја девојка мора да ги има во својот дом пред 30-тата...

10 работи кои секоја девојка мора да ги има во својот дом пред 30-тата година

Драги дами, се ближи вашиот 30-ти роденден и сфаќате дека е потребно големо уредување на вашиот домашен простор, а потоа и на животот. Затоа подготвивме список на работи кои секоја дама треба да ги има во својот дом пред да наполни 30 години. Па, започнете да читате по ред и собирајте идеи.

0-10-raboti-koi-sekoja-devojka-mora-da-gi-ima-vo-svojot-dom-pred-30-tata-godina-kafepauza.mk

1. Удобен кревет и убава постелнина

Со оглед на тоа дека поголемиот дел од својот живот, но и некои од најубавите моменти ги поминуваме токму во кревет, нема потреба да нагласуваме зошто тој треба да биде удобен. Креветот треба да го краси убава и квалитетна постелнина, па затоа на овие работи не треба да штедите. Особено затоа што нема да ги купувате секој месец, а сигурно и потенцијалниот партнер ќе го воодушевите со удобноста на креветот и уште поубавата постелнина.

2. Убав и удобен тепих

Ништо друго нема да му даде топлина и шмек на вашиот простор како што тоа ќе го направи убавиот тепих. Вие ќе уживате во својот избор, бидејќи се ближи вашата 30-та година и очигледно е дека имате многу идеи за тоа како нештата сакате да изгледаат.

3. Работен простор

Без разлика дали работите од дома или пак не, убаво уреден и инспиративен работен простор ѝ е неопходен на секоја дама. Уредна маса со удобен стол, рамка за слика, цвеќе, компјутер и потребните алатки е нешто за што мора да имате место во својот дом.

3-10-raboti-koi-sekoja-devojka-mora-da-gi-ima-vo-svojot-dom-pred-30-tata-godina-www.kafepauza.mk_

4. Ситници и сувенири од патувања

Дали нешто ќе ви го врати сеќавањето од патувањата во Италија, Грција, Франција, како што тоа ќе го направат малите сувенири на полиците или магнетите на фрижидерот. Без разлика колку години имате, никогаш не е доста од сувенири, а ние ви предлагаме да обезбедите полица за нив и да уживате во спомените.

5. Уметничко дело кое го сакате

Секако дека не мора да биде скапо, туку сосема е доволно да се вклопува во просторот и да ве прави среќни.

6. Љубовни фотографии

Најубавите и најромантичните моменти не е доволно да се чуваат само во телефонот. Исполнете го вашиот простор со најубавите спомени, бидејќи тоа апсолутно нема да излезе од мода.

7. Билки

Без разлика дали тоа ќе бидат големи собни растенија, мали билки покрај прозорот или цвеќе во дневната соба, зеленилото е неопходно за да му даде живост на просторот.

8. Добар кујнски прибор, садови… и комплет салфети

Во моментот кога ќе се одделите од вашите родители, ќе ви биде потребен цел кујнски прибор и тоа квалитетен, бидејќи вие сега сте сериозна девојка и готвачка. Исто така, не е во ред да ѝ дадете на најдобрата другарка или на момчето да се избришат со крпа, доколку сте ги поканиле на вечера во својот дом. Секогаш треба да обезбедите еден комплет убави салфети, бидејќи ситниците ве издаваат.

9. Убав комплет чинии

Доколку се ближите до триесеттите, а сѐ уште јадете од пластични садови, време е таа навика да се заборави. Романтичната вечера ќе го загуби својот ефект ако едната чинија е црвена, а другата бела.

10. Шише шампањ

Бидејќи ќе имате многу причини и настани за славење и би било добро секогаш да имате едно шише од овој пијалак во вашиот дом.

4-10-raboti-koi-sekoja-devojka-mora-da-gi-ima-vo-svojot-dom-pred-30-tata-godina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар