10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајн
Дали барате потенцијални партнери по социјалните мрежи? Дали го минувате слободното време во допишување на Фејсбук и флертување онлајн? Ова се дел од проблемите и ситуациите со кои секојдневно се соочуваат оние кои бараат потенцијални партнери на интернет.
1. На вашите пријатели смачено им е да ги слушаат вашите приказни
Постојано имате нешто ново да кажете, да се пофалите, иако и сами сте свесни дека сè уште не сте се ни виделе во живо. Но, вашите разговори се доста интересни и чувствувате потреба да кажете дека и кај вас се случува нешто ново.
2. Сте се претвориле во демначи на социјалните мрежи
Сè почна така наивно и невино, но пред да се свестите сфаќате дека сте станале вистински демначи. Знаете сè за него/неа што некогаш се чувствувате како детектив. Каде е, што прави, што сака а што не, какви размислувања има за животот и сл. Го отворате неговиот/нејзиниот профил најмалку 5 пати дневно.
3. Губите контрола над компјутерот
Некогаш едноставно ви се чини дека сè излегува од контрола. Веќе не сте сигурни кога е вклучена вашата камера, дали се допишувате или се гледате онлајн. Што е најстрашно, се допишувате со повеќе од една личност, па ви се случува да заборавите што кому сте кажале или излажале. Псст.
4. Ваше хоби стана гледањето туѓи слики
Толку време сте минале гледајќи и анализирајќи туѓи слики, што мислите дека би требало да се сметате за професионалец.
5. Премногу размислувате што значи секој ваш или негов/нејзин потег
Ви лајкна пост, што сака да каже со тоа? А, ако вие лајкнете негова/нејзина објава, дали ќе сфати што сакате да му/ѝ кажете?
6. Пречесто употребувате емотикони
Смајли, кис, анимирана прегратка.
7. Никако отворено да признаете како се чувствувате
Вртите и заобиколувате со месеци, а никако да кажете како се чувствувате или да го/ја поканите на состанок.
8. Иако никогаш не би признале, често ги отворате профилите на бившите
Кога веќе сте пред компјутер, би можеле само да ѕирнете што има ново кај нив.
9. Креирате алтер его на социјалните мрежи
Не сте она што навистина сте во реалниот живот. На Фејсбук сте она што сакате да бидете и се трудите да ве гледаат онака како што сакате да се претставите. Што ви е гајле, сите го прават тоа.
10. Многу сте похрабри отколку во живо
И тоа понекогаш ве загрижува. Што ќе правите кога ќе се видите во живо?