10 причини зошто скијањето е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело

10 причини зошто скијањето е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело

Во студените зимски денови, најдобрата физичка активност речиси секогаш е скијањето. Луѓето на сите возрасти можат да почувствуваат придобивки од ден поминат на снег, бидејќи скијањето е рекреација не само за телото, туку и за умот. Доколку размислувате дали да му дадете шанса на овој спорт, следниве придобивки ќе ве убедат во тоа.

10 причини зошто скијањето е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело

1. Ја подобрува проприоцепцијата

Проприоцепцијата се дефинира како способност да ги чувствувате разните делови од телото, како и напорот којшто го вложувате за нивно помрднување. Со други зборови, кога ја држите раката пред лицето и ги затворате очите, знаете дека раката ви е таму иако не можете да ја видите.

Скијањето вклучува рамнотежа и координација, а за време на самата активност морате да бидете свесни за многу движења и положби на телото со цел да останете на нозе. Проприоцепцијата е нешто што слабее со текот на времето, а со скијањето можете да го забавите тоа.

2. Ги зајакнува коските и зглобовите

Вашите колена мораат да го издржат целиот напор и тежината додека скијате, па на тој начин ќе се зајакнат. Освен колената, ќе се зајакнат и вашите коски, а со тоа ќе ја спречите остеопорозата и ќе ја зголемите целокупната сила.

3. Го подобрува расположението

Не само што скијањето ги зголемува среќата и благосостојба, туку е навистина корисно за физичкото и менталното здравје, без разлика колку често и колку долго скијате.

4. Ја зголемува кардиоваскуларната издржливост

Како аеробна вежба која бара издржливост, скијањето помага во согорувањето калории и намалувањето на несаканите килограми. Покрај тоа, добра кардиоваскуларна вежба за почетниците е одење низ падината наместо користење на жичарата.

5. Ги зајакнува мускулите на долниот дел од телото

Бидејќи постојано скијате во клекната положба, ова има влијание на вашите нозе и задник. Додека се спуштате низ падината можеби воопшто нема да го чувствувате напорот, но следниот ден сигурно ќе ги почувствувате резултатите.

6. Ја подобрува рамнотежата и го зајакнува горниот дел од телото

Бидејќи за време на скијањето постојано се обидувате да одржите рамнотежа, горниот дел од телото е постојано активен. Покрај тоа скијањето е вистински предизвик за вашата рамнотежа и подвижност, па со текот на времето ќе се подобрат и тие.

7. Го поттикнува длабокиот сон

По скијањето ќе бидете навистина исцрпени, и тоа на најдобриот можен начин. Исцрпеноста ќе ја чувствувате на целото тело, па вечерта ќе заспиете многу лесно.

8. Ја подобрува флексибилноста

Флексибилното тело е вистинска предност кога станува збор за скијањето. На овој начин можете да ги избегнете напорот на мускулите и повредите. Темелно и редовно истегнувајте ги стомачните мускули и колковите пред да почнете со скијање.

9. Ги поттикнува здравите прехранбени навики

Кога ќе се разбудите по напорен ден поминат во скијање, ќе ви биде потребна енергија. Физичката активност секогаш ќе ве поттикне да бидете свесни за начинот на којашто се храните, па ќе внесувате повеќе протеини и здрави масти, како и овошје и зеленчук, а помалку шеќери.

10. Ќе добиете добар тен

Денот поминат на снежен врв или планина ќе ви помогне да заборавите на стресот којшто доаѓа со секојдневниот живот. Исто така ќе бидете изложени на витамин Д кој има позитивно влијание на вашето расположение.

Доколку вашата омилена физичка активност е трчањето, погледнете како правилно да трчате надвор во зимските месеци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар