10 парчиња облека кои ќе можете да ги носите и следната зима

10 парчиња облека кои ќе можете да ги носите и следната зима

Спојте го совршениот стил и удобноста со безвремени парчиња облека кои ќе можете да ги носите и следната зима. Доколку следниве 10 облеки се најдат во вашиот шкаф годинава, тогаш со сигурност ќе можете да ги искористите и наредната, а можеби дури и таа по неа.

10 парчиња облека кои ќе можете да ги носите и следната зима

1. Волнен капут

Волнениот капут е најелегантната опција за секој маж, кој овозможува одличен баланс помеѓу формалниот и лежерниот секојдневен стил на облекување.

2. Темни фармерки

Белите фармерки се резервирани за сончевите денови, додека индиго сините и црните фармерки се најпогодни за зимскиот период.

3. Волнени чорапи

Некогаш дури и најквалитетните чизми не можат да ги згреат нозете, па најдобро е да купите добри волнени чорапи кои ќе ја задржат топлината и ќе го спречат потењето на вашите стапала.

4. Кожна јакна

Кожната јакна е секогаш вистински избор, бидејќи може да претставува одличен слој под зимската јакна, а покрај тоа е топла, мажествена и одговара во многу комбинации. Оваа зима во мода се и моторџиските јакни, кои однатре се обложени со крзно.

5. Палто од твид

Класичното наследство од Велика Британија во вид на палто од твид уште еднаш потврдува дека се работи за издржливо и пријатно парче облека, со чија помош ќе оставите одличен впечаток во секоја пригода.

6. Волнен џемпер

Во зима најдобро ќе ве загрее волнената облека, како што се волнените џемпери кои исто така можете совршено да ги комбинирате со кошула. Тие исто така можат да бидат и замена за палто.

7. Шал

Некои мажи имаат одбивност кон шалови, но треба да разберат дека еден квалитетен шал од волна, кашмир или свила им дава единствен, уникатен стил, како и дека шалот ќе ја освежи секојдневната комбинација.

8. Кондури

Ако сакате нозете да ви останат топли и суви, а притоа да изгледате модерно, потребно е да инвестирате во квалитетни кондури.

9. Ролка

Оваа сезона ролките се вратија во мода, како совршена алтернатива за кошулата и краватата. Комбинирајте ја ролката со морнарски капут или кабаница и нема да зажалите.

10. Кожни ракавици

Вашата омилена зимска комбинација зачинете ја со топли кожни ракавици. На тој начин ќе го збогатите вашиот стил, а истовремено ќе ја зачувате и кожата на вашите раце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар