10 неверојатни трикови за чистење

10 неверојатни трикови за чистење

Кога деновите се издолжуваат а времето се стоплува, повеќето луѓе чувствуваат потреба да го исчистат домот „од темел“. Ова е одличен начин да ја отстраните негативноста од зимата и да се подготвите за топлите летни денови. Но, многу често на чистењето гледаме како на напорна обврска. Сепак, ова не мора да биде вака. Постојат неколку начини коишто ќе ви помогнат чистењето да ви биде полесно, ако не и забавно.

1. Гумена четка за отстранување влакна

10 неверојатни трикови за чистење

Иако домашните миленици се навистина слатки, понекогаш е неверојатно тешко да се ослободите од сите нивни влакна. Ако имате милениче кое сака да лежи на покуќнината, сигурно се соочувате со овој проблем. Едноставен начин да ги отстраните влакната е гумената четка. Едноставно поминете со неа по покуќнината, па дури и теписите за да ги отстраните несаканите влакна.

2. Заменете ја жицата за садови со алуминиумска фолија

10 неверојатни трикови за чистење

Ако сте се откажале од многу јадења бидејќи е навистина тешко да ги исчистите тавичките по готвењето, ова е решението за вас. Наместо да се обидувате да ги отстраните маснотиите и загорената храна со жица, наполнете го садот со топла вода и нежно истријте го со алуминиумска фолија.

3. Магичен сунѓер за чиста бања

10 неверојатни трикови за чистење

Ако не сте се обиделе да ја исчистите бањата со магичен сунѓер, веднаш променете го тоа. Навистина ќе ја забележите „магијата“. Едноставно нанесете малку сапуница на магичниот сунѓер наместо на обичниот и воодушевувајте им се на резултатите.

4. Восок за автомобил во тоалетната школка

10 неверојатни трикови за чистење

За да го спречите наталожувањето на тоалетата школка, исчистете ја добро и нанесете восок за автомобил. За да го изведете ова ќе треба да го исклучите дотокот на вода до тоалетната школка. Штом ќе ја исчистите и исушите, нанесете тенок слој восок.

5. Вотка за останување миризби и нечистотии од душек

10 неверојатни трикови за чистење

Можеби треба секогаш да чувате шише вотка за коктели, но треба да набавите уште едно шише за чистење. Навистина, вотката можете да ја користите за многу работи. Една од најдобрите е за освежување на вашиот душек. Тргнете ги прекривките и испрскајте го душекот со вотка. Оставете да се исуши неколку часа. Алкохолот ќе ги убие бактериите и ќе ги отстрани непријатните миризби.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар