10 нешта кои секојдневно треба да си ги повторувате
Сакате да се чувствувате посреќно, посамоуверено и посигурно во себе? Тоа е многу лесно. Сè што треба да направите се неколку мали промени во начинот на кој размислувате.
Дали знаевте дека секој ден низ вашата глава поминуваат околу 90.000 мисли? Тоа се премногу мисли за еден ден, а ние сме сигурни дека не можете да идентификувате дури ни 20 од нив. Според некои истражувачи, поголемиот дел од оние мисли кои ги имате денес се исти како и оние од претходниот ден. Па, кои се тие работи кои постојано си ги кажувате на себе?
Мислите кои ги имаме и нештата кои си ги повторуваме имаат потенцијал значајно да влијаат врз нашите емоции и дејствија. И нели би било подобро доколку ги одржувате позитивните и среќните мисли, наместо оние негативните? За да го поттикнете вашето позитивно размислување, погледнете ги наредниве 10 изјави кои би требало секојдневно да си ги повторувате.
1. Го правам најдоброто со тоа што го имам.
2. Му простувам на минатото, ја прифаќам сегашноста и ја ослободувам иднината.
3. Одбирам љубов наместо страв.
4. Имам контрола врз моите мисли.
5. Денес ќе биде одличен ден.
6. Нема да се нервирам за малите работи.
7. Ништо не е невозможно.
8. Среќата е моето вродено право.
9. Имам цел.
10. Опкружен/а сум со луѓе кои ме сакаат и се грижат за мене.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Моника Гуру Трајковска 🙂