10 навики што го оштетуваат мозокот и го уништуваат помнењето

10 навики што го оштетуваат мозокот и го уништуваат помнењето

Нашиот мозок страда од многуте нездрави навики кои често ги сметаме за безопасни. За жал, повеќето луѓе предоцна сфаќаат и ги воочуваат нивните грешки. Доколку се грижите за вашиот мозок и сакате да го зачувате неговото здравје, обидете се да се слободите од следниве навики.

10 навики што го оштетуваат мозокот и го уништуваат помнењето

1. Не појадувате

Многу луѓе го прескокнуваат појадокот. Некои бидејќи сакаат да ослабат, а други бидејќи едноставно немаат време. Постојат и луѓе кои воопшто не можат да јадат наутро. Но кога го правите ова, скратувате многу од потребните хранливи материи за мозокот.

2. Се прејадувате

Прејадувањето ги оштетува артериите на мозокот и срцето. Имате слушнато за мозочен удар? Ова е навистина лошо искуство, а честото прејадување понекогаш може да биде причина.

3. Пушите

Сите знаат дека пушењето е штетно. Но дали знаевте дека со секоја цигара, го зголемувате ризикот од болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата?

4. Консумирате многу шеќер

Покрај дијабетесот, шеќерот го спречува апсорбирањето на протеините и хранливите материи, со тоа предизвикувајќи деформација на мозокот.

5. Дишете загаден воздух

Знаеме дека загадениот воздух е надвор од наша контрола, но важно е да ја имате оваа информација. Големите градови најчесто се многу загадени, а ова може да предизвика недостаток од кислород во мозокот.

6. Недостаток од сон

Многу луѓе имаат лоша навика и не спијат доволно. Не заборавајте дека сонот е неопходен за да се одморите и за да се чувствувате подобро.

7. Спиете со покриена глава

Можеби вам ви звучи чудно, но некои луѓе сакаат да спијат со покриена глава. Проблемот со оваа навика е тоа што се намалува снабдувањето на мозокот со кислород, што пак предизвикува оштетување.

8. Работите кога сте болни

Оваа навика е навистина опасна. Доколку работите кога ви е ослабен имунитетот, вашиот мозок чувствува голем товар. Неопходно е да му дозволите на вашето тело да се одмори, вклучувајќи го и мозокот, за да можете побрзо да оздравете.

9. Не размислувате

Размислувањето е главната задача на мозокот. Доколку поголемиот дел од времето го минувате бесполезно, навистина му штетите на мозокот. Па затоа читајте, гледајте, решавајте проблеми, бидете креативни и учете нешто ново.

10. Не зборувате

Комуникацијата е најдобриот начин да го стимулирате мозокот. Обидете се секој ден да разговаравте со некого. Изолирањето од светот нема да ви помогне да доживеете нови искуства, а мозокот може да атрофира.

Дознајте и како храната влијае на вашиот мозок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар