10 навики кои ја уништуваат вашата врска

10 навики кои ја уништуваат вашата врска

Малите и глупави навики на почетокот изгледаат неважни, па понекогаш и смешни. Но, со текот на времето може да кулминираат во уништување на врската. Погледнете некои од навидум безопасните навики кои постепено ја влошуваат вашата врска.

10-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-vrska-kafepauza.mk

1. Не зборувате за проблемите

Ако не зборувате за проблемите со цел да избегнете расправии, вие ризикувате проблемот да стане поголем во иднина. Кога нешто не е во ред, кажете му на вашиот партнер за што побрзо да дојдете до решение.

2. Се преправате дека се согласувате

Кога го правите ова, вашиот партнер добива лажна слика за вашиот карактер. После некое време партнерот ќе почне да очекува работи од вас без вие да знаете. Ова може да биде причина за многу недоразбирања. Секогаш е важно да бидете искрени за своето мислење.

3. Премногу се шегувате на сметка на партнерот

Шегите се забавни на почетокот, но ако ја преминете границата и шегите ги претворите во навреди, ќе ја уништите вашата врска. Понекогаш и невината шега може да предизвика партнерот да се чувствува лошо. Затоа, внимавајте на вашите зборови.

4. Постојано жалење

Постојат луѓе кои не се задоволуваат со ништо, па постојано се жалат. Овие луѓе е тешко да ги задоволете бидејќи секогаш очекуваат премногу. Немојте да бидете оваа личност во вашата врска.

5. „Казнување“ со молчење

Овој систем на решавање проблеми ниту е ефективен ниту пак е пријатен. Ако сте гневни на партнерот, најдобро е да му кажете за да го решите проблемот. Комуникацијата е тајната за здрава врска.

6. Создавате сцени во јавноста

Постојат луѓе кои сакаат да го покажат приватниот живот правејќи вистински сцени во јавноста. Ако не се согласувате со партнерот, тоа нека остане меѓу вас. Никој не мора да знае. Тоа е ваш проблем, и само вие двајцата можете да го решите.

7. Не се грижите за себе

Невозможно е да сакате некој ако не се сакате себе. Вашата врска почнува со вас и не можете да го дадете најдоброто од себе ако не водите грижа за вас. Ако не сте свесни за вашите потреби, не можете да ги знаете и оние на партнерот.

8. Ги помнете и се навраќате на старите расправии

Ова е можеби најлошото нешто во врската. Нема потреба да се навраќате на проблемите кои сте ги решиле со цел да го обвините партнерот. Ова секогаш резултира со бесконечно обвинување и наместо да живеете во сегашноста, вие постојано сте фокусирани на минатото.

9. Кажувате „пола вистини“

И најгорчливата вистина е секогаш подобра од слатките лаги, бидејќи е навистина болно да дознаете дека личноста која ја сакате ве лажела. Кога целата врска ќе ви биде заснована на мали лаги, таа нема долго да трае.

10. Мислите само на себе

Покрај вашите, треба да се грижите и за потребите на партнерот. Кога врската се врти само околу една личност, таа се претвора во борба за егото наместо во романтична врска.

Погледнете ги и навиките во врската кои се здрави иако не изгледаат така.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар