10 начини на коишто го нервирате вашиот шеф

10 начини на коишто го нервирате вашиот шеф

Без разлика дали станува збор за односите со вашите колеги или пак со вашите претпоставени, несомнено е дека деловните односи честопати може да бидат комплицирани. Иако немате лоши намери, со некои ваши постапки можете несвесно да ги нервирате оние околу вас. Што се однесува конкретно до вашиот шеф, погледнете кои се десетте најчести навики со коишто можете да го изнервирате.

1. Секогаш доцните

Вашиот шеф нема да биде импресиониран од изговорите, без разлика дали причина за тоа е метежот во сообраќајот, проблемите со паркингот или пак со вашите деца. Секогаш постои начин да стигнете навреме, доколку научите подобро да управувате со вашето време.

2. Премногу се потпирате на мејловите

Уште една навика којашто го иритира вашиот шеф е тоа што му ги препраќате мејловите коишто не се многу значајни. Подобро е да ги издвоите важните прашања и да му ги соопштите, при што ќе ја поедноставите комуникацијата.

3. Озборувате во канцеларијата

Ситуацијата навистина може да биде непријатна доколку вашиот шеф ги слушне вашите озборувачки разговори. Всушност, тој смета дека вие вашата енергија премногу ја посветувате на неважни работи, при што не оставате добар впечаток.

4. Постојано треба да ве потсетуваат

Без разлика дали станува збор за почитување на некој краен рок или пак за извршување на некоја редовна задача, не дозволувајте постојано да ви е потребно потсетување. Секако, ако не успевате да ги исполните временските рокови, вашиот шеф во право е да ви се лути.

5. Постојано го користите телефонот

Иако не ви е забрането користење мобилен телефон за време на работните часови, вашиот шеф смета дека со постојаното негово користење се намалува вашата продуктивност. Затоа, бидете внимателни и разумно користете го телефонот.

6. Доминирате на средбите

Не дозволувајте постојано да зборувате и да се изгубите во вашите зборови, додека вашите колеги и претпоставени не уживаат во тоа. Не водете монолог, зборувајте само онолку колку што е потребно.

7. Живеете во сопствен свет

Ова се однесува на тоа дека вие живеете и работите во свој мал свет, притоа судирајќи се со реалниот свет во канцеларијата. Вашите желби и потреби не се централниот проблем на компанијата. Не заборавајте уште еднаш да се потсетите која е нејзината мисија.

8. Премногу се базирате на претпоставките

Секако дека некоја ситуација ќе бара да претпоставувате одредени работи, но понекогаш тие може да доведат до недоразбирања и да ја уништат транспарентноста помеѓу персоналот.

9. Премногу користете боледување

Додека користите слободни денови, вашиот шеф мора да најде некој којшто би ве заменил. Доколку тоа се случува премногу често, тогаш тоа лошо ќе се одрази врз целокупниот персонал.

10. Означувате сè како да е итно

Мислите дека вашиот шеф треба да знае сè, односно секоја ситница. Ова може да доведе до непотребни непријатности, па и до занемарување на вистинските проблеми. Научете ја разликата помеѓу она што е навистина важно и она што е од помала значајност за компанијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар