10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности

10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности

Животот со браќа и сестри е навистина прекрасен. Секако дека постојат моменти кога се карате и не можете да се поднесете едни со други, но науката докажала дека браќата и сестрите со себе носат голем број здравствени придобивки. Имено, тие навистина можат да ве направат посреќни, поздрави и подобри личност. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така…

10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности

1. Браќата и сестрите можат да ве направат среќни подоцна во животот

Придобивките од тоа да се има брат или сестра стануваат видливи подоцна во животот. Истражувањата покажале дека блиската врска со браќата и сестрите за време на средовечните години од животот и староста го зголемува позитивното расположение и здравјето во целост. Освен тоа, ако постојано се поддржувате со вашиот брат или сестра, нема да бидете осамени во подоцнежниот период од животот.

2. Разгледувањето стари заеднички фотографии може да ви го зголеми оптимизмот

Веднаш најдете ги старите семејни албуми со слики! Истражувањата покажале дека носталгијата, односно разгледувањето стари фотографии од вас и вашите браќа и сестри, може да ви го зголеми оптимизмот и да има позитивно влијание на вашите емоции.

3. Сестрите можат да ви го подобрат психичкото здравје

Според едно истражување, здравата врска со вашата сестра без разлика дали е постара или помлада од вас, може да ве заштити од чувството на осаменост, вина, несигурност и страв во текот на адолесценцијата.

4. Најмладите деца се позабавни и поголеми авантуристи

Едно истражување од 2015 година открило дека најмладите браќа и сестри во фамилијата имаат подобра смисла за хумор, додека, пак, постарите браќа и сестри се посериозни. Освен тоа, најмладите деца се пољубопитни и поотворени кон нови искуства.

5. Најстарите браќа и сестри се поодговорни

Најстарите браќа и сестри се попослушни и поодговорни за разлика од помладите. Тие исто така повеќе се фокусираат на семејните вредности и лојалноста. Тоа значи дека секогаш можете да сметате на вашите постари браќа и сестри, а ако вие сте најстарите тогаш знаете да преземете одговорност и многу сте лојални.

10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности

6. Средните браќа и сестри знаат како да го одржат мирот

Досегашните истражувања покажале дека средните деца знаат да прават компромиси и преговори. Во 2010 години, една студија докажала дека средните деца се подруштвени и знаат како да се зближат и со постари и со помлади луѓе од нив. Ова откритие навистина има логика.

7. Браќата и сестрите можат да ви го подобрат физичкото здравје

Нашите најблиски имаат најголемо влијание на нашите секојдневни навики поврзани со здравјето. Според едно истражување од 2011 година, 46% од испитаните луѓе од 12 различни земји верувале дека пријателите и семејството имале најголемо влијание на нивниот начин на живот, физичките активности и здравата исхрана.

8. Дружењето со браќата и сестрите може да ви го намали стресот

Ова важи за луѓето кои ги сметаат нивните браќа и сестри за најдобри пријатели. Истражувањата покажале дека ако поминувате време со вашите сакани, ќе можете да се ослободите од стресот. Освен тоа, експертите тврдат дека браќата и сестрите особено можат да ве заштитат од негативното влијание на стресот за време на детството. Можеби шопинг со вашата сестра е токму она што ви треба во моментов!

9. Браќата и сестрите можат да ви помогнат да живеете подолго

Вреди да создадете блиска врска со вашите браќа и сестри, бидејќи тоа се поврзува со долгиот животен век. Истражувањата покажале дека луѓето кои не се толку блиски со нивните браќа и сестри се изложени на поголем ризик од рана смрт (околу 7,5 години порано од предвиденото), за разлика од оние кои се многу блиски со семејството. Ова е така затоа што семејството и пријателите ве охрабруваат да се грижите за себе и ви пружаат поддршка кога вашето психичко и физичко здравје е загрозено.

10. Ќе се чувствувате подобро ако им кажете колку ги цените

Кое било добро дело (во овој случај искажувањето благодарност) може да ве направи посреќни, но и да го подобри расположението на личноста на која сте ѝ покажале љубов и внимание.

Погледнете ги и овие фотографии кои покажуваат колку е убаво да се има браќа и сестри.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар