10 начини да ја исчистите енергијата на вашата аура

10 начини да ја исчистите енергијата на вашата аура

Секој од нас природно привлекува одредени луѓе и ситуации. Сите ние треба да научиме некои лекции во овој живот, па во зависност од тоа ги привлекуваме луѓето кои ни се од помош. Ова е вистински благослов, но понекогаш е и тешко. Иако секое искуство ни е потребно, сепак треба редовно да ја отстрануваме токсичната енергија. Овие начини ќе ви помогнат во тоа.

10-nachini-da-ja-ischistite-energijata-na-vashata-aura-kafepauza.mk

1. Горење тревки

Ова е стара индијанска традиција која вклучува горење разни тревки за прочистување. Најчесто се користат лаванда и кедар за прочистување на просторот и за подобрување на расположението.

2. Есенцијални масла

Овие масла можат значително да ви го подобрат расположението. Вие постојано реагирате на енергијата во вашето опкружување. Есенцијалните масла ќе ви помогнат да ја исчистите таа енергија и ќе ја зголемат фреквенцијата на вашите вибрации. Најдобро е да употребувате масло од роза, нане или лаванда.

3. Медитација

Медитацијата е поврзана со многу работи кои го подобруваат фокусот и меморијата. Зголемената концентрација е поради зголеменото ниво на енергија кое доаѓа со медитирањето.

4. Лекување на чакрите

Прва чакра: Јас сум полн/а со скромност. Јас сум си доволна онаква каков што сум.

Втора чакра: Јас сум убав/а и силен/а и уживам во здравиот и убав живот.

Трета чакра: Се прифаќам целосно. Прифаќам дека имам силни страни, но и дека имам слабости.

Четврта чакра: Љубовта е одговор на сè во животот, а јас ја давам и ја добивам безусловно.

Петта чакра: Моите мисли се позитивни и секогаш се изразувам јасно и искрено.

Шеста чакра: Јас сум мудар/мудра и го разбирам вистинското значење на ситуациите во животот.

Седма чакра: Јас сум едно со божествената енергија.

5. Практикувајте простување

Будистичката филозофија нуди неколку техники со кои ќе го развиете простувањето. Како и сочувството, така и простувањето не ја игнорира вистината за страдањето. Но, простувањето и љубовта можат да ви го дадат потребниот мир.

6. Водете дневник

Некои од највлијателните луѓе во светот воделе дневници. Овие дневници имале две цели: траен запис за нивните потомци и опуштање за луѓето кои ги пишуваат. Дури и ако сметате дека не ви треба, ако почнете да водите дневник уште веднаш ќе ги почувствувате придобивките.

7. Одете во природата

Направени се многу истражувања за физичките и менталните придобивки од природата. Природата ги намалува менталниот замор и стресот. Времето поминато во природа ќе ви помогне да се релаксирате и ќе ви ги подобри сеќавањата и вниманието.

8. Поставете граници

Кога ќе одлучите кои ситуации се удобни ако се лоши за вас, ќе знаете повеќе за вашите потреби и како да се грижите за себе. Тогаш ќе можете да донесувате одлуки со зголемена самодоверба и ќе ја насочите енергијата кон работите кои ги сакате.

9. Одете на терапевт

Кога вербално ќе ги искажете вашите чувства, вие ќе го намалите стресот и нема да се чувствувате осамено. Со други зборови, кога ќе ги споделите вашите грижи, дури и оние „неважните“, значително ќе ја подобрите вашата ментална состојба.

10. Кристали

Традиционалните лекови како тревките, хомеопатијата и терапијата со кристали се природна алтернатива за лековите. Сè повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат за овие третмани за кои тврдат дека навистина им помагаат.

Прочитајте нешто повеќе, но и научете како да ја гледате вашата аура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар