10 начини да го комбинирате текас здолништето во текот на оваа есен
6. Тексас здолниште + голи раменици
Тоа што пристигнува есента не значи дека не можете да покажете малку повеќе кожа. Барем во најтоплиот дел од денот. Немојте да се плашите да си играте со различни парчиња облека, па дури и со оние кои на прв поглед ви изгледаат како да не припаѓаат на одредено годишно време. Ова сигурно ќе биде една од вашите омилени модни комбинации за оваа сезона.
7. Мини здолниште и мрежести хулахопки?
Мрежестите хулахопки се апсолутен хит оваа година, без разлика дали ги комбинирате со искинати фармерки, со здолниште, фустан, па дури и во некои случаи и со тренерки. Тие ќе направат да изгледате поатрактивно, а и се одлична опција додека температурата не падне под нулата.
8. Тексас врз тексас
Комбинирањето тексас парчиња со различни нијанси е нешто што се носи веќе подолг временски период. Постои шанса дека тексас врз тексас трендот нема никогаш да излезе од мода. Со овој стил никогаш нема да погрешите.
9. Деведесетти
Комбинацијата од тексас мини здолниште и чизми над колена е повторно хит. Ако сакате да ја нагласите вашата модна комбинација, тогаш надополнете ја со впечатлив каиш и авијаторски очила за сонце.
10. Долго здолниште
Како што веќе кажавме, првата асоцијација за тексас здолништето е мини здолниште. Со оглед на тоа дека сега повторно се актуелни долгите здолништа, тогаш зошто да не би ја испробале и подолгата тексас варијанта? Долгото тексас здолниште може да изгледа подеднакво добро како и краткото, особено ако го комбинирате на вистинскиот начин.
Секогаш бидете во чекор со модата, а ова се клучни тексас парчиња облека што ќе се носат на почетокот на есента.