10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогувате - Part 2

10 модни антитрендови за на плажа со кои редно време е да се збогувате

6. Шорцеви од џинс

Времињата во кои се носеа екстремно кратки џинс шорцеви, се завршени. Полуголите задници повеќе не се во мода. Овој вид пантолончиња изгледаа убаво само на одредени луѓе, но најчесто правеа убавите телесни фигури да делуваат невкусно.

10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогуватеПодобра алтернатива

Доколку не можете да го замислите летото без шорцеви одберете модели со средна должина, во сафари стил.

10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогувате

7. Сандали на платформа од плута

Зборуваме само за сандалите со платформа на плута. Тие се тотално надвор од мода и изгледаат смешно на плажа.

10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогувате

Подобра алтернатива

Дефинитивно подобар избор за на плажа се рамните чевли, а за прошетка низ град одберете сандали со платформа декорирана со кожа, антилоп, ткаенина или јута.

10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогувате

8. Пом-пом сандали во разни бои

Интересните сандали со разнобојни помпон топчиња беа обожувани изминативе сезони, подеднакво и од вообичаените девојки и од познатите ѕвезди. Врвот на нивната популарност се случи минатата година, но оваа сезона сите се веќе уморни од нив.

Подобра алтернатива

Доколку поседувате ваков пар сандали, тргнете ги настрана неколку сезони, бидејќи постои веројатност дека повторно ќе се вратат во мода еден ден. Како алтернатива на пом-пом сандалите, одберете сандали во металик боја, со низок ѓон или со ниска платформа.

10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогувате

9. Трилби сламени шешири

Трилби шеширите беа популарни во изминативе неколку сезони. Сега, во 2018 година тие изгледаат демоде и се тотално надвор од мода.

10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогувате

Подобра алтернатива

За да ги замените трилби шеширите, дизајнерите препорачуваат да носите шешири со широк обод, коишто можат да бидат изработени од слама или разни други материјали.

10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогувате

10. Очила за сонце со ефект на огледало и квадратни рамки

Очилата за сонце со квадратни рамни постојано излегуваат од мода. Врвот на нивната популарност беше пред неколку сезони, но за жал многу луѓе почнаа да ги носат па поради тоа тие неизбежно станаа демоде.

10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогувате

Подобра алтернатива

Сега, во мода се издолжените рамки со форма на мачкини очи. Тие имаат стакло во боја, а може и воопшто да немаат рамки.

10 модни антитрендови за на плажа со кои е редно време да се збогувате

Летото е навистина најдобриот период од годината, за експериментирање со трендовите во модата, нели!?

Погледнете и кои трендови од 80-тите ќе бидат хит ова лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар