10 модни антитрендови за на плажа со кои редно време е да се збогувате
Летото е веќе на „пола пат“, а тоа значи дека е редно време да го извадите костимот за капење од задните рафтови на вашиот плакар и да почнете да го планирате вашето летување. Воедно, треба да имате на ум дека модата за на плажа, се менува исто толку брзо како и секоја друга мода и со некои трендови што биле актуелни до неодамна, треба да се збогувате. Погледнете ги овие 10 антитрендови за на плажа, како и парчињата коишто се тренди во моментов.
1. Костимите за капење на „Triangl“
Овие костими за капење изработени од неопрен на компанијата „Traingl“, препознатливи по нивните црни контури и форма како буквата „Т“, беа многу популарни во изминативе неколку сезони. Многу брендови се обидоа неуспешно да го ископираат овој дизајн и реално во последниве години, тие беа премногу застапени на плажите ширум светот.
Подобра алтернатива
И покрај популарното верување, Triangl повеќе не ја произведува оваа линија на костими за капење, но нивните копии сè уште можат секаде да се купат. Како и да е, доколку не сакате да бидете демоде и да изгледате како повеќето девојки на плажа, подобар моден избор се бикините од кадифе коишто се хит ова лето.
2. Парео
И покрај тоа што парео марамите се практични избор за на плажа, којшто одлично ги сокрива недостатоците на телото, тие после долго време конечно излегуваат од мода.
Подобра алтернатива
Наместо нив, дизајнерите препорачуваат да носите летни, тенки, широки памучни фустани на прерамки, долги маици или туники од чипка.
3. Костими за капење со ефект на ленти за бандажирање
Ваквите костими за капење коишто се сочинети од разни појаси, ленти и пресечени кроеви ги потенцираат несовршеностите на телото и создаваат неубави линии на кожата после сончањето.
Подобра алтернатива
Едноделни костими за капење со цветен дезен или полка точки стануваат сè попопуларни во последно време и наскоро целосно ќе го заменат бандажираниот стил на костими.
4. Костими за капење во премногу светли или неонски бои
Ваквите костими за капење беа во тренд пред неколку сезони. Сега, модата за на плажа повикува да се носат поприродни бои. Затоа, редно време е да паузирате со носење дречливи, сјајни костими за капење и да ги складирате во задниот дел од вашиот плакар, за некои други модни времиња.
Подобра алтернатива
Наместо овие, одберете бикини со цветни принтови или во само една боја. Тие изгледаат фантастично на исончана кожа.
5. Долен дел со висок струк и набори
Високиот струк на долниот дел од бикините ги маскира несовршеностите на бедрата и стомакот, но наборите имаат токму обратен ефект. Тие прават бедрата да изгледаат поголеми одошто се.
Подобра алтернатива
Наместо вакви, одберете долни костими за капење со висок струк, но без набори или друг вид декоративни елементи.
Продолжува на следната страница…