10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми
Слабеењето не мора секогаш да биде јадење храна без вкус и постојана посета на теретаната. Можете да го добиете посакуваното тело на многу поедноставен начин – со длабоко дишење. Во комбинација со едноставни физички вежби, длабокото дишење ќе ви помогне да се ослободите од вишокот масти, а резултатите ќе бидат трајни. Следниве 6 вежби се одлични доколку сакате да го пробате овој метод.
1. Вежба со дишење во шише
За вежбата ви е потребно само празно пластично шише.
Што да правите:
- Застанете на сите четири и ставете го отворот на шишето во устата.
- Вдишувајте и издишувајте бавно со помош на дијафрагмата.
- Вдишете низ носот, а издишете го воздухот во шишето додека ги активирате дијафрагмата и стомачните мускули. Важно е издишувањето да биде кратко, но моќно.
- Направете 15 повторувања, или повторувајте ја вежбата 10-тина минути.
Бидете внимателни со оваа вежба. Доколку почувствувате вртоглавица или каква било неудобност одморете се, па потоа продолжете.
2. Лавовски здив
Иако вежбата можеби изгледа смешно, таа е особено добра за вашиот врат и ќе ви помогне да се ослободите од дуплата брада.
Што да правите:
- Клекнете на колена и потпрете го задникот на стапалата.
- Поставете ги дланките помеѓу нозете свртени кон вас и исправете ги рацете.
- Вдишете преку носот, а издишете силно преку устата испуштајќи го звукот „ха“.
- За време на издишувањето широко отворете ја устата и исплазете го јазикот што е можно повеќе. Ќе почувствувате напнатост на вратот, брадата и мускулите на лицето.
- Повторете 4-6 пати.
3. Истегнување на нозете
Оваа вежба ги активира стомачните мускули, ги зајакнува мускулите на грбот и го подобрува држењето на телото.
Што да правите:
- Легнете на грб, кренете ги колената и истегнете ги нозете.
- Поставете ги рацете на подот покрај телото.
- Издишете, поставете ги рацете зад главата и исправете ги лактите. Вдишете 2 пати.
- Додека издишувате кренете ги нозете под прав агол и останете во истата положба 15-20 секунди. Дишете со нормален ритам.
- На следното издишување спуштете ги нозете под агол од 60 степени. Останете во оваа положба околу 1 минута и дишете со нормален ритам.
- На следното издишување спуштете ги нозете под агол од 30 степени. Останете во оваа положба од 30 секунди до 1 минута и дишете со нормален ритам.
- Издишете и бавно спуштете ги нозете на подот.
4. Брод
Оваа вежба ги активира сите стомачни мускули.
Што да правите:
- Седнете на подот со свиткани колена.
- Испружете ги рацете напред и навалете се назад.
- Стегнете ги стомачните мускули и исправете ги рацете.
- Исправете ги нозете и подигнете ги стапалата и застанете во положбата како на фотографијата.
- Држете ја положбата 15-20 секунди и дишете полека.
- Повторете 3-4 пати.
5. Разладување
Оваа вежба ви дава контрола над чувството на глад и жед и ги лади телото и умот.
Што да правите:
- Седнете со вкрстени нозе.
- Исплазете го јазикот и свиткајте го како на фотографијата.
- Вдишете низ јазикот. Започнете со вдишување од 4 секунди и издишување од 6 секунди низ носот.
- Правете ја вежбата 5 минути.
6. Ножици
Оваа вежба ги зајакнува стомачните мускули, го израмнува стомакот и го зајакнува целиот труп.
Што да правите:
- Легнете на грб и спојте ги нозете.
- Поставете ги дланките под задникот, а главата и грбот притиснете ги на подот.
- Вдишете, издишете и направете пауза.
- Подигнете ги нозете, а потоа спуштете ја десната нога малку подолу.
- Подигнете ја десната нога и спуштете ја на истиот начин, како ножици.
- Повторете 6-7 пати, вдишете и опуштете се.
Пробајте ги и овие одлични јога вежби за намалување на килограмите.