10 мали показатели дека тој секогаш мисли на вас

10 мали показатели дека тој секогаш мисли на вас

Девојките секогаш се прашуваат дали и колку нивниот партнер мисли на нив, особено ако станува збор за штотуку започната љубовна врска. Можеби тие се присутни во мислите на момчето 24/7, но доколку тој не го каже тоа, девојките веднаш очајуваат дека тој никогаш не мисли на нив, иако тоа е далеку од вистината. Сепак, постојат некои суптилни знаци со кои момците покажуваат дека не заборавиле на нивната девојка, треба само да ги отворите очите и да не избрзувате со донесување заклучоци. Ова 10-те начини на кои тој ви покажува дека постојано мисли на вас…

10 мали показатели дека тој секогаш мисли на вас

1. Ви праќа слатки пораки и шеги во текот на целиот ден. Дали имате шеги кои само вие си ги разбирате? Можеби тој налетал на нешто што го потсетило на вас и ви праќа смешно видео кое совршено претставува како изгледате кога сте гладни. Цело време се обидува да ве насмее. Ова е знак кој дефинитивно не смеете да го занемарите.

2. Постојано ве изненадува со нешто. Тргнал по вас и на патот застанал на бензинска станица за да ви купи чоколадо, затоа што 5 минути претходно сте спомнале дека ви се јаде благо. Или, пак, ви носи цвеќиња скинати од блиската градина само затоа што го потсетиле на вас. Тука не станува збор за голем гест од финансиски аспект, но дефинитивно значи дека ги памети работи кои ви значат.

3. Се надоврзува на разговорите што сте ги имале. Ви праќа порака за да ве праша како сте поминале на состанокот на работа или која е важната вест што вашата најдобра пријателка морала да ви ја соопшти. Или момчето е потајно опседнато со озборување или навистина се грижи за тоа што се случува во вашиот живот.

4. Сѐ го потсеќа на вас, дури и некои работи на кои вие не се сеќавате. Тој ви праќа слика со салфетки и ви пишува: „Се сеќаваш?“. Вие на тоа одговарате со прашалници, а тој се сетил на нешто далечно за кое не му се верува дека вие веднаш не сте се сетиле. Ве прашува: „Се сеќаваш кога на нашиот прв љубовен состанок ми побара салфетка?“, и потоа се лути што не се сеќавате. Има ли нешто понеодоливо?

5. Ви праќа порака наутро веднаш штом се разбуди и навечер пред да си легне. Секогаш сте првата и последната личност со која сака да разговара. Можете да забележите дека секогаш одвај чека да ви раскаже како му поминал денот.

10 мали показатели дека тој секогаш мисли на вас

6. Памети некои смешни годишнини. Датумот на првиот љубовен состанок е веројатно најдалечната годишнина на која повеќето парови можат да се сетат. Но, тој ја памети првата порака, првата ноќ кога сте спиеле заедно и првиот бакнеж. Тој се сеќава на сите убави работи поврзани со вашата врска.

7. Секогаш ви праќа порака кога е излезен со другари. Ви праќа некои ситници, како на пример: „Ми недостасуваш“. Тоа значи дека дури и кога е излезен со пријателите или на патување од работа, тој сѐ уште мисли на вас. А вам ви се допаѓа помислата дека секогаш ве носи во мислите.

8. Неговите подароци се толку специфични и лични, што не можат ни да се споредат со вашите. Некако успева да ви го подари токму она што го сакате за родендените и празниците. Понекогаш станува збор за нешто што не сте ни знаеле дека го сакате, а тој сепак успева да погоди. И потоа се чувствувате лошо поради вашиот „глупав“ подарок, иако тој тврди дека му се допаѓа.

9. Понекогаш ви праќа порака, во истиот момент кога вие сте сакале да му пратите. И потоа вие му пишувате: „Не е можно! Само што сакав да ти пишам, немаш поим, само што тргнав да ти пишувам и гледам ти си ми пратил порака“. Таквата телепатија не е за потценување.

10. Понекогаш објавува стари фотографии од вас без особена причина. Но, вие знаете дека тој всушност си седел дома и ги прелистувал сите ваши заеднички фотографи, затоа што ете толку му недостасувате!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар