10 личности кои не мора да ги поканите на вашата венчавка
Кого да поканите на вашата венчавка е одлука околу која поголемиот дел од младенците најчесто се расправаат. Треба ли да ги поканите роднините кои не сте ги виделе со години? Или пријателката со која комуницирате само преку Фејсбук? Ви откриваме 10 личности кои не мора да ги поканите на вашата венчавка.
1. Најдобрата пријателка од средно со која денес ве врзува само еден лајк на Фејсбук
Можеби во средно образование сте си позајмувале облека, сте спиеле една кај друга и со часови сте разговарале за момчиња, но ако вашата комуникација денес се сведува на повремен лајк на Фејсбук, таа пријателка не мора да ја поканите на вашата венчавка.
2. Отуѓените роднини и пријатели
Од некои роднини и пријатели сте оддалечени без некаква посебна причина, од други заради караница. Ако не можете да замислите да се венчате без присуство на таа личност можеби е време да ја контактирате и да ги закопате „секирите на војната“. Но, ако помислата на тоа повторно да стапите во контакт со таа личност во вас буди чувство на тешкотија наместо чувство на олеснување, избегнете какви било негативности и немојте да ја ставате на вашата листа со гости.
3. Пријатели од пријателите на пријателите
Понекогаш со таа личност се наоѓате во заедничко друштво, но ако таа личност не е некој со кој насамо би испиле кафе не морате да чувствувате обврска дека морате да ја поканите на вашата венчавка.
4. „Пријателката“ која ве искористува
Ако имате „пријателка“ која ви се јавува само кога ѝ е потребно нешто и живее за да создава драма, подобро немојте да ја поканите на венчавката. Таа можеби ќе се навреди заради вашата одлука, но зарем ви е потребна таква пријателка воопшто во вашиот живот? Сочувајте ја столицата за пријателите и членовите од семејството кои искрено се грижат за вас.
5. Колегите со кои не се гледате надвор од работното место
Непишаното правило вели дека на венчавката треба да ги поканите само колегите со кои се гледате и надвор од работното време, односно колегите кои ви се и пријатели. Што се однесува до сите останати, не мора да чувствувате притисок дека сте обврзани да ги поканите на венчавката.
6. Момчето на вашата братучетка со кого постојано раскинува
Вашата братучетка има момче со кое раскинала веќе неколкупати, па повторно се смирила? Кој знае во која фаза ќе биде до вашата венчавка, па воопшто не мора да се чувствувате виновни ако не го повикате нејзиното момче.
7. Соседите
Ако тие соседи не би ги поканиле на вечера кај вас дома или вашите разговори траат онолку колку што ви е потребно да го почекате лифтот или да го фрлите ѓубрето, не мора да се двоумите околу тоа дали да ги поканите на венчавката или не.
8. Роднини од трето, четврто, петто… колено
Многумина од нас далечните роднини ги гледаат отприлика на секои 5 години (или поретко), на семејните собирања. Рака на срце, тие луѓе најверојатно не ги познавате добро, ниту ви се блиски, па денот на вашата венчавка може да помине и без нив.
9. Поширокиот круг на семејни пријатели
Без оглед на тоа дали ги познавате тие луѓе со години, без разлика дали станува збор за некогашни соседи или луѓе со кои сте оделе во училиште, ако со нив не разговарате со години, освен повремените кратки разговори кога ќе се сретнете во маркетот, не мора да ги повикате на венчавката.
10. Секој кој не е среќен за вас
Влегувањето во брак треба да го славите со луѓето кои ве сакаат и кои се среќни за вас. Личноста која не е среќна за вас не заслужува да ја повикате на вашата венчавка. На толку прекрасен и важен ден окружете се со луѓе со кои ќе се чувствувате сакано, опуштено и среќно.
А, доколку вие добивте покана за свадба, тогаш погледнете ги овие модни комбинации со чија помош ќе се издвоите од останатите гости на свадбата.