10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Патеписецот Дејвид Милер е раководител на веб-проектот Nature Valley, кој има за цел да ни ја доближи природата и да ни покаже дека таа позади секој агол крие авантура и нѐ прави подобри. Тој самиот има поминато многу време во природа и често пишува за тоа. Веќе ви пренесовме зошто тој смета дека треба често да ги носите децата во природа, а сега ви пренесуваме и десет лекции за животот кои тој ги научил од природата.

Животот се состои од циклуси

Во природата не постојат прави линии. Постојат планини и долини, постојат реки кои имаат тек кој ги води малку напред, малку назад. Во животот постојат циклуси, така што понекогаш чувствувате дека се качувате на стрмна планина, а некогаш дека јавате на голем бран. Во каква фаза и да се наоѓате, тоа кога-тогаш ќе се смени. Тоа е природно.

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Ние сме создадени да работиме

Во моментите кога се чувствувате мрзливо и седите пред компјутерот, имајте на ум и дека вашето тело може секој ден да испешачи или истрча по неколку километри или да биде активно на друг начин. Во природата сѐ е во постојано движење. Дури и животните кои спијат зимски сон се активни на начин што собираат енергија за кога ќе се разбудат. Природата е во постојано движење и постојано работи.

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Колку повеќе се трудиме, толку сме посилни

Метузалемот е дрво кое на прв поглед делува деформирано и речиси мртво, а живее во суровите услови на Карпестите планини во Северна Америка. Сепак, доживува старост и до 5.000 години, затоа што се приспособило на условите и се труди да опстои во таа околина.

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Неприродниот стрес го уништува животот

Хемикалиите кои се наоѓаат во водата и во почвата загадуваат и уништуваат сѐ околу себе, вклучувајќи ја и храната. Загадувањето уништува, без разлика дали се работи за загадена река или за загадени крвни садови поради неприродна и нездрава исхрана.

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Природата има способност за заздравување

Штом загадувањето на една област престане, природата веднаш започнува со регенерација. Тревата повторно расте, дрвјата повторно раззеленуваат, а и животните се враќаат во своите поранешни живеалишта. Исто е и со човековото тело. Престанете да се храните нездраво, започнете да вежбате и да практикувате здрав режим на исхрана, и вашето тело ќе почне да се регенерира и да се враќа во својата природна состојба.

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Комуникацијата е важна

Сите живи суштества во природата се во постојана комуникација. Без оглед на тоа дали примаат информации како сончевата светлина или температурата, или пак испраќаат информации преку звуци или мириси, сите единки во природата комуницираат меѓу себе затоа што тоа им е неопходно. Само луѓето успеваат понекогаш да се изолираат благодарение на современите алатки за комуникација или пак работата.

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Создавање на нова патека е потешко отколку одење по веќе изгазена

„Ако некогаш сте поминале време на снег, било тоа да е пешачење или крос-кантри скијање, сигурно сте свесни дека создавање на нова патека секогаш е потешко од одење по веќе изгазена,“ вели Дејвид. „Постои позната метафора во врска со изборите што ги правиме во животот. Оригиналноста секогаш носи сомнеж, недоверба и тешкотии. Луѓето се плашат и не веруваат во она што не го виделе, слушнале, прочитале или искусиле порано. Само продолжете напред.“

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Природата секогаш има прогресивен пристап

Малите рипчиња живеат во плитки води, а кога малку ќе пораснат веќе можат да пливаат и во подлабоко. Ова правило на природата може да се аплицира и на животот. Било да се работи за пливање, цртање, свирење музички инструмент или совладување на говорнички способности, не можете вештината да ја совладате наеднаш. Потребно е трпение затоа што природата има прогресивен пристап.

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Природата е вечна

„Кругот на животот навистина постои. Кога ќе станете родител и кога еден ден одново ќе ги истражувате шумите со вашето дете, ќе го почувствувате она необично двојство на емоции, како во исто време сте во улога на учител и заштитник, а чувствувате како воопшто да не поминало време откако вие како дете сте ги истражувале шумите. Природата е најдобриот стабилизатор. Таа може времето да го стави во круг,“ вели Дејвид.

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Сѐ е природа

Природата не е само она нешто што е таму некаде надвор од градот каде што е зелено. Природата не е само во дивината, туку насекаде околу нас, почнувајќи од храната, преку материјалите од кои е изграден домот, музиката инспирирана од неа… Таа се пројавува постојано во најразлични форми.

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар