10 корисни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате совршено во секоја прилика - Part 2

10 корисни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате совршено во секоја прилика

6. Дрвени закачалки за облека

10 корисни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате совршено во секоја прилика

Дрвените закачалки ја апсорбираат влажноста од облеката. Покрај тоа, природниот материјал нема да ја оштети вашата гардероба.

7. Никогаш не останувајте без колан

10 корисни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате совршено во секоја прилика

Ако на вашите панталони има место за колан, искористете го. Без него вашиот изглед ќе биде нецелосен, па вложете во неколку класични колани. Покрај тоа, коланот најчесто треба да одговара со вашите чевли, па пред да купите размислете со кои чевли би го носеле.

8. Маицата под кошулата не треба да се познава

10 корисни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате совршено во секоја прилика

Ова правило најмногу важи за мажите бидејќи изгледа дека сите сакаат да носат маица под кошулата. Ако и вие го правите ова, внимавајте таа да не се познава. Закопчајте ги сите копчиња на кошулата, или воопшто не носете маица туку облечете елек.

9. Чорапите треба да одговараат на вашата облека

10 корисни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате совршено во секоја прилика

Во секојдневниот живот слободно експериментирајте со чорапите, но кога станува збор за посериозен настан држете се до правилата. Најчесто чорапите треба да одговараат со бојата на вашите панталони. Исто така, можете да ги комбинирате и со вратоврската доколку носите.

10. Диплете ги џемперите

10 корисни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате совршено во секоја прилика

Знаеме дека џемперите можат да ја изгубат својата форма со текот на времето. А ако ги чувате закачени, овој процес сигурно ќе се забрза. Поради ова, најдобро е да ги чувате здиплени.

Погледнете и кои се модните трендови кои ќе владеат оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар