10 грешки кои ги прават жените при купувањето долна облека
Сигурно ви се има случено во продавница да ви се допадне некое парче долна облека и веднаш да го купите. Но, без разлика колку бил убав градникот, најпрво треба добро да размислите. Ова се 10-те најчести грешки кои ги прават скоро сите жени кога купуваат долна облека. Дали можете да се пронајдете?
1. Материјалот на градникот
Немојте да носите долна облека со чипка во комбинација со тесни блузи и панталони. Вашата долна облека речиси сигурно ќе се познава и ќе го уништи вашиот изглед. Одберете долна облека која е мазна, а најдобро е да носите градник без жици.
2. Долна облека за обликување
Некои жени толку многу сакаат да изгледаат како модели што многу често купуваат долна облека за обликување со помал број. Ова не само што не изгледа добро, туку е и штетно за вашето тело. Немојте да ја носите оваа долна облека подолго од 6 часа, особено ако е со помал број.
3. Големина на градникот
Некои девојки сметаат дека помалиот градник може да направи нивните гради да изгледаат поголеми. Ако градникот е премал може да го спречи протокот на крвта, а ако е преголем може да ви предизвика болки во грбот. Рамките на градникот не треба да ви паѓаат, а корпите не треба да притискаат ништо. Ако сакате вашите гради да изгледаат поголеми купете пуш-ап градник.
4. Боја
Можеби црниот градник под белата блуза некогаш било во тренд, но денес изгледа невкусно и се смета за непристојно. Кога носите бела облека, градникот нека биде со месо боја. Истото важи и за гаќите.
5. Градник по дома
Постои верување дека штом ќе си дојдете дома најдобро е веднаш да се ослободите од градникот и да им дозволите на градите да се одморат. Но, ова важи само за девојките со мали гради. Ако вашите гради се големи и не носите градник, може да се истегнат лигаментите на градите. По дома најдобро е да носите спортски градник. Тој е удобен, ѝ дозволува на вашата кожа да дише, и најважно од сè – им нуди поддршка на вашите гради.
Продолжува на следната страница…