10 евтини работи што секоја девојка би требало да ги има
Понекогаш најевтините работи може да бидат оние кои се всушност и најнеопходни за секојдневните комбинации. Еве 10 парчиња облека и модни додатоци кои ќе го сменат вашиот целокупен изглед, се разбира, на подобро.
1. Шнолички за прицврстување во боја
Неуредната фризура надополнета со шноли во разни бои наеднаш станува модерна.
2. Платнена чанта со везен амблем
Безвременска чанта што собира сѐ, особено кога имате многу обврски надвор од домот. Кога е во кул боја и со дискретен, а сепак впечатлив амблем, таа станува уште пошик.
3. Старки
Кремасти, бели или црни, ова се патики за многукратна употреба и се секогаш добредојдени. Тие можат да бидат или високи или ниски, а одат одлично со „износена“ облека.
4. Апостолки во металик нијанса
Пар обични златни или сребрени апостолки ќе направат да блеснете во топлите летни денови.
5. Обична бела маичка
Овие маички одговараат со сѐ, од широки пантолони до класично макси здолниште. А ако сакате да експериментирате со пошироки варијанти, не плашете се да облечете машки модел.
6. Марама за на глава
Марамата може целосно да влијае на стилот и при наједноставните комбинации. Комбинирана со машка кошула и фармерки ќе изгледате како пин-ап девојка од 60-тите.
7. Панамски шешир
Поширокиот шешир со обод не само што целосно го крие вашето лице од сончевите зраци, заштитувајќи ја вашата скапоцена кожа, туку дава и ноншалантен изглед кој одлично ќе ја надополни вашата облека во летниот период.
8. Специфични хулахопки
Нетранспарентните хулахопки во смели бои или принтови го освежуваат изгледот, а можат и да му дадат топлина и скромност. На риги, пепито или карирани, овие принтови се класични и кул, додека јаките бои како темносината или аловата му додаваат друга димензија на монохроматскиот изглед.
9. Нежни златни детали
Мали примеси од злато ќе изгледаат прекрасно на вас без да бидете приморани да ограбувате банка.
10. Тексас кошула
Класичната тексас кошула може да се носи секој ден бидејќи одговара со сѐ. Изгледа слатко наметната преку летно фустанче, а паметно кога сте облечени од глава до пети во џинс.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.