10 едноставни начини да го направите домот поздраво место за живеење
Сите ние сакаме да го заштитиме нашето семејство и да го задржиме здравјето. Овие совети ќе ви помогнат да создадете поздрава средина за живеење во вашиот дом, без да ви одземат време и пари.
1. Купувајте помали чинии
Многу од нашите одлуки за јадење се психолошки, што значи поздравата исхрана може да почне со купување помали чинии. Ова ќе води до помали порции и подобро здравје.
2. Користете памучна постелнина
Постелнината од синтетика може да содржи многу штетни хемикалии. Кога ќе почнете да користите природни материјали, ќе се заштитите од нив, а ова е особено важно доколку страдате од алергии.
3. Не палете свеќи
Обичните свеќи содржат парафин и нафта, па кога ќе ја запалите свеќата вие буквално палите гориво во вашиот дом. Ако навистина сакате свеќи, побарајте некои кои се направени од соја. Можеби се поскапи, но горат значително подолго.
4. Не користете есенцијални масла
Овие масла не само што се популарни, туку е познато и дека се добри за вашето здравје. Но, ако ги користите со парафински свеќи, вие ги отстранувате здравствените придобивки. Користете есенцијални масла во навлажнувач за воздух.
5. Користете природни продукти за убавина
Нашето тело апсорбира дел од продуктите кои ги ставаме на кожата, па затоа важно е да користите природни продукти секогаш кога е можно.
6. Но, осигурете се дека се навистина ефективни
Некои истражувања покажале дека само 26% од природните креми за заштита од сонце ја нуделе потребната заштита, а само 58% од кремите со хемикалии. Затоа, секогаш осигурувајте се дека продуктот кој го купувате е навистина ефикасен.
7. Снабдете се со здрава храна
Ние го јадеме она што ни е достапно. Па, кога ќе ја наполните кујната со здрава храна, а ќе ги отстраните сите грицки и слатки, вие ќе почнете да се храните поздраво.
8. Растенија во домот
Има многу здравствени придобивки од чувањето растенија во домот. Тие може да го подобрат вашето расположение, да го намалат ризикот од некои болести и да го прочистат воздухот во домот.
9. Внимавајте на температурата во домот
Внимавајте, понекогаш температурата која ви е удобна може да биде превисока за вашето здравје. Спиењето во студена просторија го намалува ризикот од дебелеење и дијабетес тип 2. Ако поминувате многу време во топли простории, го попречувате природното согорување на калории на телото.
10. Проверете ги вашите аларми
Опремете го домот со аларми за чад и јаглероден моноксид. Проверувајте ги секој месец, а менувајте ги нивните батерии секоја година.
Погледнете и кои канцерогени производи се наоѓаат во вашиот дом.